И денес, денот нека ти биде светлина,
која го осветлува срцето на денот.
Со светлина во мислите, со мир во душата и со радост во
секој нов ден!
И денес, денот нека ти биде светлина,
која го осветлува срцето на денот.
Со светлина во мислите, со мир во душата и со радост во
секој нов ден!
ТАМУ КАДЕ ШТО ВРЕМЕТО
ОДМАРА
По влажната земја се слушаат чекори.
Шумата замолкна,
одекот на босите стапки
ја наруши нејзината тишина.
Застана печалбарот
покрај изворот,
кој бистро жубори,
прелевајќи се низ светлината
и убавината на речните камења.
Тие, неуморни и неми сведоци,
го мерат времето на печалбарите
кои се одмораат покрај изворот,
под сенката на стариот даб.
Ги паметат
чекорите на печалбарите
И сите нивни живи
приказни
што со нив
ги понесоа.
И додека времето
неуморно минува
изворот продолжува
да течи
зошто природата и
Татковината
никогаш не не
забораваат
дека животот е печалбарско
патување
што вечно како
река течи.
Таму каде што времето одмора.
Соња Таироска
Ѓурчак
08.11. 2026
ЉУБОВТА НЕ Е ГЛАСНА
Љубовта не е гласна,
не е ни скриена во пазувите на животот.
Таа не бара да биде слушната,
туку да биде почувствувана.
Таа живее во тишината,
во погледот, во допирот,
во добрината што не бара сведоци.
Соња Таировска
Ѓурчак
03.11.2026
ПЕСНАТА НА ТИШИНАТА
Часовникот го мери времето,
громот го буди небото,
мајчините нозе трчаа по колата
во која заминував од родителскиот дом.
Солзи се тркалаа по моето лице
и од очите на мојата мајка.
Каде и денес се прелеваат
во љубов и во песната на тишината,
која остана да пее
во споменот на детското срце.
Љубовта не е
гласна...
Соња Таировска
Ѓурчак
03.11. 2026
ОДГОВОРНОСТ
Најмногу што му недостига на мнозинството луѓе е ОДГОВОРНОСТА. Малкумина се подготвени да ја преземат безусловно, а уште помалку да застанат зад своите зборови, постапки и одлуки.
„Одговорноста сите ја бараат од другите, но ретки се оние
што безусловно ја преземаат врз себе.“
ВРЕМЕТО НЕ ЗАБОРАВА
И денес биди човек што не заборава.
Не ја заборавај добрината на оние што ти подадоа рака кога ти беше најпотребна.
Зашто времето минува, но добрината останува запишана во
душата.
💖💖💖
Добрината нема рок на траење. Таа живее во благодарното
срце.
DAS BETT DES FREMDEN TRAUMS
Ich schreibe das Geheimnis vor die Schwelle eines fremden
Landes,
damit ich, wenn ich dort ankomme, kein Fremder bin.
Ich entzünde die Kerze vor dem Gebet mit meiner Seele,
versinke im Traum der fremden, tauben Sprachen.
In der Nacht ging der Traum davon,
verbarg das Geheimnis und ging fort.
Ich erwache im Morgen der Jugend,
mit dem Lächeln einer roten Rose,
gepflanzt vor der Schwelle meines Hauses.
Hier und jetzt habe ich das Geheimnis niedergeschrieben
vom lebendigen Leben
im Bett des fremden Traums.
Sonja Tairovska Durcak
21.10.2026 Ulm
ПОСТЕЛАТА НА ТУЃИОТ СОН
Ја пишувам тајната пред прагот на туѓата земја
Кога ќе стигнам таму да не бидам странец.
Ја палам свеќата пред молитвата со мојата душа
Тонам во сонот на туѓите глуви јазици.
Во ноќта замина сонот ја сокри тајната и замина.
Се будам во утрото на младоста
Со насмевка на црвен трендафил
засаден пред прагот на мојата куќа.
Тука и сега ја запишав тајната
На живиот живот во постелата на туѓиот сон.
Соња Таировска Ѓурчак
21.10 .2026 Улм
Душа без вера и молитва е како трло без стадо.
Од такво трло ни волкот не може да биди
сит.
Соња Таировска
Ѓурчак
03.10. 2026
ЖИВЕАМ И ОДАМ
Не живеам времето
да ме прегази!
Живеам и одам
заедно со времето.
Небрзам, иако се
е толку забрзано околу мене
јас не се селам
во друга татковина
под ова небо е
мојата Татковина.
Каде и да одам
таа патува во мојата душа
исплнета во
тишината на времето.
Те чувам и чуствува како мајчина љубов
за своето мило чедо.
Така се сака, тоа го научив од домот во кој растев,
во камената куќа во дворот на радоста
во мирисот на вечната љубов.
Живеам и одам заедно со времето.
Соња Таировска Ѓурчак
19.09.2026
💗💗💗
💗💗💗
Богатсвото на човечката душа е - карактерот.
💗💗💗
Кога се губи караттерот останува само душа полна со сува слама -
во која нема ни едно зрно подмладок .
💗💗💗
Чувајго највредното во себе - доброто кое секогаш носи добро .
💗💗💗
Кога сите ти ги затвораат сите врати пред тебе -
господ ги отвора и железните врати за тебе ...
💗💗💗
И денес живеј во радост..
💗💗💗
Соња Таировска Ѓурчак
03.09.2026.
***
Во матриалната
благосостојба клучот е телесното здравје...
***
Секојдневната молитва
е умствена смиреност...
***
И смрта припаѓа во
живот...
***
Без светлина нема сенка ,
ни риба беѕ коски.
Нема небо без облаци
ни народ без грешка.
Соња Таировска Ѓурчак
05. 12. 2024 Улм
НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ
На гурбет појдо и
назат не се дојдов,
дали ксмет беше што
толку далеку појдов
во далечина туѓа
земја јас Мајко дојдов
туѓа земја јас
пројдов.
Патувам со времето
се борам со
несигурноста и денес
а, верувам во она што
е посилно од мене.
Верата ме води, која
по Бога оди
во природата
вистината ја гледам
која Бог ни ја благослови и јас ја следам.
Традицијата е
наследство
а верата е најсилна.
Светот стално се
менува во блага нада
а јас го барам
одговорот
зошто овде на гурбет дојдов.
Соња Таировска Ѓурчак
11.12. 2024 Улм
Ти посакувам време да се пронајдеш
секој час секој ден да се доживуваш како среќа.
Ти посакувам време да ја спознаеш вистината на животот,
ти посакувам време вистинско време во кое живееш .
Соња Таировска Ѓурчак
09.01. 2025 Улм
Додена небото и
земјата се проштеваат и се заблагодаруваат за времето поминато во убавини во
почит и голема благодарност се придружувам и јас да и се заблагодарам на 2024 година која беше полна со моменти кој
останаа да раскажуваат за времето во неа.
Во сите денови
животот ми ги нудеше најубавите ликции ког беа од големо значење замене, ми ги
подари вредностите кој ме чинат среќно,ме направи појака, да го следам само
доброто на животот и да бидам секогаш
само со доброто вистината и правдата.
На 2025 и посакувам добродојде,нека ни донеси
мир и радост за целиот свет мир и љубов меѓу сите народи,нека престанат
сите војните во светот да живеаат сите
деца во радост сите да бидиме во божи благослов во 2025 и сите понатамошни
години нека бидат во мир и радост.СРЕЌНА НОВА ГОДИНА.
ИЗВОР НА ВРЕМЕТО
Секој го носи изворот
на своето време
а, јас патувам во
времето на вистината
патувам со полната
масечина во зимската ноќ
осветлуваќи го патот
пред моите чекори.
Од напукнатините
навираат боите
боите на животот,
обоена една вистина.
Го најдов времето во
универзумот
на вистинското време .
Времето тешко како
камен
врзано за
земјата понесано од ветровите на
тишината
го означуваш
времето го означуваше времето
на еден изгубен рачен
часовник.
Стигнав до времето на
дождот
ме допрееа солзите на
мојата мајка.
Секој го носи своет
време .
Соња Таировска Ѓурчак
13.01 2025 Улм
Три убави думи
,оставаат светлина во животот
како и
светотројството...
Поверењето еднаш изгубено
, никогаш не се враќа
во иста форма.
Каменот еднаш изваден
од местото ,
Никогаш неможи да се врати во истата положба,
Исто е и со зборот
,изговорениот збор не се врака назат.
Не лажи го оној кој
ти верува,
со вистината се
надоградуваш а со лагата само ја губиш
сопствената вреднос.
Поверењето е закон во
животот...
Соња Таиривска Ѓурчак
14.01.2025 Улм
SVET JE UMORAN
Čuju se koraci,
koji umorno odjekuju
duž ulice života
od teških cipela, duboko utonulih misli,
svet je umoran.
Pod nogama umorne duše,
koji kazuje
duga životna priča,
pred oduševljenom publikom koja sluša,
gledajući umorno u prozor poslednjeg
zimska rasprodaja.
Iz ugla suprotne strane
čuje se pesma od starice,
koji već duže vreme peva na istom mestu.
Ne, ne razumem je, samo me zavodi
melodija koja me podseća na detinjstvo
kad su se pevale naše žetelačke pesme.
Svet je umoran od žetve
smrznute ulice, stupajući ispred bine
njegovog
umornog imidža.
МОЈАТА БАБА СРЕБРА
ПОД ШАМИЈА ТУЃА
Оваа песна, и ја посветувам
на баба ми Сребра,
таа беше мојата мала баба,
добрина носеше во себе
и потешка од злато беше.
Љубов имаше за сите
живитот го љубеше силно
и така девеесет и три ги стори милно.
Не заврши нејзинијот живот тука
остана баба Сребра за сите нас тука.
Во силни и убави збирови се сеќаваме сите
и во светлина ги гледаме денес дните.
Седум судби срцето и рани
седум деца заминаа на сите страни,
дали беше тоа божја грешка
за мојата баба Сребра казна тешка.
И пред смртен час, посака сите да ги гушни
глас од чеда внуци и правнуци
тагуваше да ги слушни.
Баба Сребра во небо се вивна
летна и кај Бога стигна.
Се поклони пред Бога
и низ молитва го праша тивко:
Боже каква таа твоја беше грешка
а замене казна тешка,
чеда мили ти во свет ги прати
ни ти едно стигна,
мене на вечен живот да ме испрати.
Керко мила Господ рече Сребро мило,
Ти си сребро и злато тешко
Твојата љубов е потешка и од сјај
затоа керко мила што истрпи на се
стигна и до овој божи рај.
Соња Таировска Ѓурчак
27. 01. 2018 Улм.
СЕКОЈДНЕВНО СТАНУВАШ СТРАНЕЦ
Кога си отсутен од сопствениот дом,
не, не си само отсутен
туку не си присутен.
Сопствената последна чиста кошула те стега,
а копчињата почнаа да пукаат
пред сопствените очи,
кои гледаат замаглено во домот
што веќе не го препознаваш.
Секојдневно стануваш странец
во сопствената кожа,
која веќе и сама не те собира.
Се распаѓаш пред сопствените очи,
кои гледаат длабоко некаде во туѓината,
трагајќи несвесно по вистината.
Стоиш пред сопствената уметничка слика,
среде соба,
не препознавајќи ги сопствените четири ѕида,
кои силно те повикуваат во денот,
а тебе ти бега гласот
по сопствените вени
и не го ни слушаш.
Најтешко е времето што
те испраќа на јабана —
во сопствениот дом да
станеш туѓинец,странец.
Соња Таировска Ѓурчак
30. 08. 2026 Улм
Зборот е жив.
Но и довербата е жива.
Кога искрајните мисли ќе се сретнат,
зборот станува мост меѓу искрајноста
и довербата.
Зборот е жив.
Тој може да биде мед за душата, но и отров за срцето. Може да утеши, да излечи и да подигне човек, но може и да повреди, да скрши и да остави трага што долго не исчезнува. Затоа, пред да го изговориме зборот, треба да се запрашаме: што ќе остави тој зад себе, светлина или темнина?
Zivotot e ubav , ubavinata e cel Okean . Kapka voda koja Go ispolnuva Okeanot . Taa kapka Se vika ljubov
Само една капка вода која љубов се вика во океанот можи да го промени целиот Океан.
Здравата мисла е
секогаш поблиску до разумот, но не го исклучува срцето које чуствува тага болка и радост.
Да го победам моето вчерашно јас, не за да бидам подобра од другите, туку за да бидам поблиску до себе.
Ich kann andere nicht wirklich verstehen, solange ich mich selbst nicht kenne und nicht verstehe.
Не можам да ги разберам другите ако не се познавам сама и не се разбирам.
Сакам да растам затоа што во тој раст ја чувствувам мојата
душа.
Не можеме секогаш да го избереме она што ќе ни се случи, но
можеме да научиме однего и да
го испитаме начинот на кој ни се
случил подобро да го разбереме.
Здравата
мисла не значи секогаш дека ќе даде добар одговор, туку дека ќе
даде пореален и покорисен одговор.
💗💗💗
Животните лекции се најдобрите учители.
💗💗💗
Памти она што сакаш само да запамтиш ,
во ништо друго неверувај, во се друго има лицомерије.
💗💗💗
Не очекувај од ефтини луѓе скапи зборови.
💗💗💗
Отвориго срцето само пред бога и пред сопстената душа.
💗💗💗
Само еднаш во животот птицата доаѓа на рака.
💗💗💗
Мудроста доаѓа од живите лекции собрани по патот на животот.
💗💗💗
Соња Таировска
Ѓурчак
24.08.2026 Улм
SHITET TOKË – FSHATI ÇERKEZË, KUMANOVË
Shitet tokë – parcelë/bujqësore në fshatin Çerkezë,
Komuna e Kumanovës, me sipërfaqe të përgjithshme prej 16.900 m².
Lokacioni: fshati Çerkezë – Kumanovë
Sipërfaqja: 16.900 m²
Fleta e pronësisë: e pastër, me dokumentacion të rregullt kadastral –
Kadastra e Kumanovës
Çmimi: 119 € / m²
Çmimi total: 2.011.100 €
Toka është e përshtatshme për blerës serioz dhe për
investim.
Për më shumë informacione dhe për marrëveshje rreth vizitës
së parcelës, ju lutemi më kontaktoni në mesazh.
Соња Таировска Ѓурчак
Sonja Tairovska Đurčak
Sonja Durcak.
GRUNDSTÜCK ZU VERKAUFEN – DORF ČERKEZI, KUMANOVO
Zum Verkauf steht ein Grundstück – Grundstück/Ackerland
im Dorf Čerkezi, Gemeinde Kumanovo, mit einer Gesamtfläche von 16.900
m².
Lage: Dorf Čerkezi – Kumanovo
Fläche: 16.900 m²
Eigentumsnachweis: Grundbuchauszug vorhanden, mit ordnungsgemäßer
Katasterdokumentation – Katasteramt Kumanovo
Preis: 119 € / m²
Gesamtpreis: 2.011.100 €
Das Grundstück eignet sich für einen seriösen Käufer und als
Investitionsobjekt.
Für weitere Informationen und zur Vereinbarung einer
Besichtigung kontaktieren Sie mich bitte per Nachricht.
Соња Таировска Ѓурчак
Sonja Tairovska Đurčak
Sonja Durcak.
ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕ – С. ЧЕРКЕЗИ, КУМАНОВО
Се продава земјиште – плац/нива во село Черкези,
Општина Куманово, со вкупна површина од 16.900 м².
Локација: с. Черкези – Куманово
Површина: 16.900 м²
Имотен лист: чист, уредна катастарска документација – Катастар Куманово
Цена: 119 € / м²
Вкупна цена: 2.011.100 €
Земјиштето е погодно за сериозен купувач и инвестиција.
За повеќе информации
и договор за разгледување, ве молам контактирајте ме во порака.
Соња Таировска Ѓурчак
Sonja Tairovska Đurčak
Sonja Durcak.
СМРТТА НЕ Е РАЗДЕЛБА
Болна остана разделбата со мојата мајка.
Твојата смрт остави празна длабочина
пукнатинка која не се пополнува.
Земјата ја покри твојата насмевка,
ја однесе твојата жива молитва
што секојдневно ја издигаше
за твоите деца.
Твоите раце се тресеа,
додека ги читаше писмата од децата,
ги препрочитуваше по неколку пати,
како секој збор да сакаше уште еднаш
да го почувствуваш во својата душа.
Сега, кога те нема, не гледам само празнина.
Ја гледам тишината како сиромаштијата
што остана во
домот наш без тебе.
Портите останаа затворени.
Дворот израсна во полска ливада.
Цветовите венеат без мирисот на денот.
Вене, она што некогаш
беше радост
во родителската стара камена куќа.
Домот се сруши во тишина.
како низ него да поминала војната
и оставила пустош во домот наш после твојата смрт.
Твојата смртта
ги замрзна вените во мојата душата.
Ми замина,
мајко...не ми ја отвораш вратата
Со твоите вредни
раце со онаа топла насмевка
И прегратка што
ме чекаше дома.
Не верувам дека те нема.гласно те довикувам
и те чуствувам
тука покрај мене,
ако е овој
разговор само на парче бела хартија.
Овде и сега и сеуште те барам,ти зборувам и ти
пишувам
Она што неможам
на никого да го кажам.
Мајчината љубов
не умира
ни мајчината насмевката
да ја покрии земјата.
Таа останува во срцето, пред прагот на домот
И во живата молитва што ја изговара секојдневно мојата душа.
Твојата љубов остана вечна во храмот на мојата душа.
Верувам, мајчината
смрт не е наша разделба.
Соња Таировска
Ѓурчак
21.08.2026 Улм
„Oft sind es die kleinsten Dinge im Leben, die uns die
größte Freude schenken und das Glück im Gleichgewicht halten.“
„Das Glück des Lebens liegt nicht nur in den großen Dingen,
sondern in den kleinen Augenblicken, die unserem Herzen Freude schenken und
unser Leben im Gleichgewicht halten.“
Mach mehr aus deinem Leben für den Frieden in der Welt.
Gemeinsam sind wir mehr und stärker.
S.T.Dj
Направи повеќе од својот живот, за мир во светот .
Заедно сме повеќе и посилни
Соња Таировска Ѓурчак
08.08 2026
„Wofür lebst du heute wirklich?“
„За што навистина живееш денес?“
So wie die ersten Sonnenstrahlen fallen und Licht schenken,
so wünsche ich dir, lieber …, ein sonnenstrahlendes Leben auf deinem neuen
Lebensweg, an deinem heutigen Geburtstag.
ALLES LIEBE ZUM GEBURTSTAG!
Heute ist ein doppelter Feiertag – ein heiliger Tag und dein Geburtstag!
Ein sonniger, strahlender Tag, gesegnet mit ganz viel Liebe!
Die Liebe von Mama, Papa, deinen Schwestern, Oma und Opa, deinen Tanten und allen anderen, die dich liebhaben.
Wir alle lieben dich von ganzem Herzen und wünschen dir zu deinem Geburtstag alles Liebe, ganz viel Glück, Gesundheit, Freude und Gottes reichen Segen für deinen Lebensweg.
Alles Liebe zum Geburtstag!
In Liebe, deine Omi ❤️
Благодарноста бара зрелост
Да кажеш „благодарам“ не е само збор. Тоа значи да признаеш:
„Некој направил нешто за мене што не морал да го направи.“
„Човекот што прави добро
можеби не секогаш ќе биде запаметен од луѓето,
но секое добро остава трага во светот,
во другата душа и во
сопственото срце.“
Соња Таировска Ѓурчак
01.08. 2026
„Мирот започнува со еден збор.
Зборот станува мост.
Македонија го
заслужува сето тоа исто така и оваа благодарница.
За прв пат го
видов светот под македонското небо.Македонија ме научи искрајно да почитува
ценам и сакам. Првите чекори ги направив во таа наша библиска земја,во две
реченици неможи да се искаже таа бескрајна благодарност.
Сета моја
благодарнос ја упатувам кон мојата земја и мојот народ.
Те сакам Родино
Ти благодарам
Татковино.
Во голема радост
и возбуда ги пишувам овие редови...
Нема доволно зборови да се опише убавината на светот. Сега и овде сме во рајот на природата. Со свесно и благодарно срце ја гледам оваа убавина, благословена од Бога. Секој здив, секој цвет, секое дрво и секој зрак светлина сведочат за Неговата љубов нас и природата. Благодарноста е најубавиот поглед кон светот, а природата е тивка молитва што постојано нè потсетува колку е голем дарот на животот благословен од Бога.
Добро утро!
Ви посакувам убав, мирен и сончев почеток на денот. Нека ова
утро ви донесе радост, здравје и нова инспирација. Секој нов ден е нова
страница од животот – исполнете ја со надеж, добрина и насмевка.
Guten Morgen!
Ich wünsche Ihnen einen schönen, friedlichen und sonnigen
Start in den Tag. Möge dieser Morgen Ihnen Freude, Gesundheit und neue
Inspiration schenken. Jeder neue Tag ist eine neue Seite des Lebens – füllen
Sie sie mit Hoffnung, Güte und einem Lächeln.
ОД ПРОЗОРЕЦОТ НА ЖИВОТОТ
Кога животот се гледа не со очите, туку со срцето исполнето
со мир, секој камен на патот не е препрека. Тој е само ново и поинакво
размислување, поставено на патот како кратка починка пред новиот одскок преку
него, одскок кој понекогаш е полесен од каменот препречен на патот.
Вакви препреки има секојдневно на патот наречен живот. Но
кога душата е исполнета со мир и вера, и најголемиот камен станува лесен пред
човечката сила, поткрепена со вера.
Човечката душа не се мери со богатството или со силата, ниту
со славата и силните аплаузи. Таа се мери со храброста.
Кога животот нема веднаш да ни подаде рака за да се исправиме,
тој нè остава на трпението. Нè испитува. Како на неположен животен испит, нè
остава повторно да полагаме. И тогаш човечката душа не се предава.
Таа е како здраво семе, дадено во почвата на животот.
Никнува во свое определено време.
Гнило семе не може да никне ниту во најдобрата земја. Исто
така, и лошите зборови, посеани на пуста почва, немаат живот.
Затоа, биди семе.
Биди и почва која го прима семето и му дава живот да расте
во почвата наречена, живот.
Соња Таировска
Ѓурчак .
26.07. 2026 Улм
Германија.
БЕЛАТА ПОГАЧА
Се скрши, нашата бела погача,
трошка по трошка,
буква по буква се распадна
во тишината на светската маса.
Богатите полиња како уметнички
слики
останаа во некое исчекување пред
потемнетото стакло на ламбата
која виси во пондилата незапалена
ги памети само гробовите на
предците
и молкот на времето.
Тишината се собра и замина,
затвораќи ја вратата зад себе,
ја остави мислата како космичка
прашинка,
падната врз белата погача.
Останаа ронките да ги составуваат децата
на децките цртежи и во нивно време.
Соња Таировска Ѓурчак
18.07 2026
БЕЛАТА ПОГАЧА
Се скрши, нашата бела погача,
трошка по трошка,
буква по буква се распадна
во тишината на светската маса.
Богатите полиња, како уметнички
слики
останаа во некое исчекување, пред
потемнетото стакло на ламбата
која виси во пондилата незапалена,
ги памети само гробовите на
предците
и молкот на времето.
Тишината се собра и замина,
затвораќи ја вратата зад себе,
ја остави мислата како космичка
прашинка,
падната врз белата погача.
Останаа ронките да ги составуваат децата
на децките цртежи и во нивно време.
Соња Таировска Ѓурчак
18.07 2026
МИРИС НА ДОМАШЕН
ЛЕБ
Меѓу соништата
има и сон.
Сон, кој се раѓа во
густиот чад,
кај минувачот кој
уште во ноќта незаспал,
се превртува како
изгубен сирак
во постелата на
сонот.
Пијан од дождот
на надежта и
стапалата уморни
од тежината на земјата,
чекореки по
туѓите калдрми во
соништата на еден
сон
кој се сонува
само будно под туѓата стреа.
Мирисот и Вкусот на
азбуката доаѓаат
од утринскиот
весник го чита во надеж,
со мисла и мирис
на домашен леб.
Соња Таировска
Ѓурчак
16.07.2026
ДЕНОТ МЕ БУДИ ДОМА
Ја напуштам ноќта и тивко го собирам своето тело,
излегувајќи на прсти од спалната соба,
за да не го разбудам утрото,
кое сѐ уште спие како младо посадено дрво
во градината на денот.
Утринското ветре ги раздиплува белите облаци,
од кои се раѓа денот.
Скришум одам во кујната,
каде што ме пречекува ѓезвето
во кое го варам утринското кафе.
Ги отворам ширум портите на денот и
заминувам во црквата да запалам свеќа,
тивко шепотејќи ја молитвата на денот,
која ја изговарам на туѓ јазик.
А денот ме буди дома.
Соња Таировска
Ѓурчак
15.07.2026
Најубавите моменти во животот често се оние што ги поминуваме во тишина, следејќи го сопственото јас. Да се стигне до тој миг значи да се осети разговор не само со сопствената душа, туку и да се отвори срцето пред Бога.
Во тишината човекот се среќава со својата вистина, а во молитвата и верата ја наоѓа својата сила. Тогаш зборовите стануваат непотребни, бидејќи срцето зборува на јазик што само душата го разбира.
Бог е спасител на сите животни премрежија и засолниште во миговите кога патот изгледа тежок. Колку повеќе му го отвораме срцето, толку повеќе мир, надеж и светлина внесуваме во сопствениот живот.
Кога човекот ќе ја пронајде тишината во себе, ја отвора вратата на срцето пред Бога; а Бог станува спасител и чувар на сите животни премини, бури и замоци што ги носиме во себе.
Домот не е секогаш местото каде што се будиме, туку местото каде што душата секое утро повторно се препознава.
Во тишината го слушам своето срце; во молитвеното срце го чувствувам Бога; а кога Бог е присутен, ниедна животна бура не останува без светлина.
ПОД ЕДЕН ОБЛАК
Под еден облак
навира сенката,
посакува да ги
сокрие брчките на лицето,
поседените коси
ги крие пред тивкото ветре
кое се меша со сенката,
криеќи се зад шумот на летото.
Во оваа книга
меѓу кориците растат корени
ширеќи далечни
гранки како од стариот даб.
Шепотат кориците
будеќи ги сите сонови
да се пробудат
сите вистини,
што раскажуваат за времето на брчките
за времето од поседените
коси и дланките
прелистуваќи во
книгата на животот.
Пишувам од
книгата на животот.
Читам од
страниците на лицето.
Ја делам и ја
раскажувам живата моќна приказна
што доаѓа од изодениот
пат на еден уморен патник.
Од стапалата потече
крв, оставаќи трага од времето
и пишуваќи го
последниот збор во оваа книга.
Соња Таировска
Ѓурчак
12.07. 2026
Кога ноќва заминав
Кога ноќва заминав, не го зедов куферот. Го оставив полн со
спомени – да ги листаш, да ги прелистуваш и да им се радуваш сѐ до последниот
час од постоењето на оваа планета.
Заминав во непознатиот свет, од другата страна на животот,
каде што не се гледа со празни очи, туку со срцето. Со срцето што веќе ги
заборави зборовите од овој живот и нечујно отплови во светот на немото небо, во
далечината каде што гласовите се тенки, речиси недоразбирливи.
Небото таму е побелено, бело обоено како облаци без дно,
како магла без тло и како сенка без дрво.
Таму заминав во утринските часови. Повикот беше толку брз,
толку силен и толку далечен. Сѐ беше собрано на едно место – испреплетени
патеки од конопци што висеа како стари саѓи на самарот, закачен во пондилата
уште од дедовото време. Таму стоеше и чекаше некој патник да помине, да го
подигне, да го намести на коњот и повторно да тргне во туѓина.
Опрости што си заминав без поздрав, најмила моја. Ти беше
мојата светлина во сите мои мрачни денови. И кога бев покрај тебе, и кога
животот нѐ разделуваше, ти беше домот на мојата душа и последното пристаниште
на нашиот заеднички пат.
Те сакав. Те сакам. И ќе те сакам дури и во моќта на
немоќта, таму каде што љубовта повеќе не се изговара со зборови, туку тивко
свети како вечна светлина.
Соња Таировска
Ѓурчак
10.07. 2026
Нека мирот ви биде сопатник, радоста извор на сила, а мудроста светлина на секој ваш нов ден. Нека Божјиот благослов ве придружува во вашите мисли, во вашето творештво и во љубовта што ја внесувате во секој напишан збор.
Водата не нè учи само како да течеме. Таа нè учи како да останеме свои, иако постојано се менуваме. Реката секој миг носи нова вода, а сепак останува истата река. Така и човекот – секој ден учи, расте и се менува, но ако ги чува своите вредности, останува верен на себе
Надворешниот свет е убав, но внатрешниот треба да биде уште поубав.
Дрвото со длабок корен не може секоја олуја да го сруши или откорне, колку се подлабоки корените на човековите вредности, толку посигурно ќе стои пред животните ветрови.
Ова се длабоки мисли кои не бараат време за размислување; времето е тука, треба отворена патека по која одиме и истовремено читаме.
Длабоките мисли не бараат многу време за размислување. Тие бараат отворено срце и буден дух. Времето постојано тече покрај нас, а животот е патека по која не само што чекориме, туку и учиме да ги читаме неговите знаци.
Водата можеби не спие како човекот. Таа се одмора така што ја менува својата форма, но никогаш не ја губи својата суштина. Можеби токму затоа е симбол на животот – затоа што животот не престанува, туку постојано се преобразува.
Водата не нè учи само како да течеме. Таа нè учи како да останеме свои, иако постојано се менуваме. Реката секој миг носи нова вода, а сепак останува истата река. Така и човекот – секој ден учи, расте и се менува, но ако ги чува своите вредности, останува верен на себе.
Очите го гледаат светот. Умот му дава значење. Срцето му дава вредност. А душата одлучува што ќе остане вечно во нас.
До слушање, во мир и радост да останеме, со Божји благослов.