nedjelja, 12. srpnja 2026.

КОГА НОЌВА ЗАМИНАВ

 

 

Кога ноќва заминав

Кога ноќва заминав, не го зедов куферот. Го оставив полн со спомени – да ги листаш, да ги прелистуваш и да им се радуваш сѐ до последниот час од постоењето на оваа планета.

Заминав во непознатиот свет, од другата страна на животот, каде што не се гледа со празни очи, туку со срцето. Со срцето што веќе ги заборави зборовите од овој живот и нечујно отплови во светот на немото небо, во далечината каде што гласовите се тенки, речиси недоразбирливи.

Небото таму е побелено, бело обоено како облаци без дно, како магла без тло и како сенка без дрво.

Таму заминав во утринските часови. Повикот беше толку брз, толку силен и толку далечен. Сѐ беше собрано на едно место – испреплетени патеки од конопци што висеа како стари саѓи на самарот, закачен во пондилата уште од дедовото време. Таму стоеше и чекаше некој патник да помине, да го подигне, да го намести на коњот и повторно да тргне во туѓина.

Опрости што си заминав без поздрав, најмила моја. Ти беше мојата светлина во сите мои мрачни денови. И кога бев покрај тебе, и кога животот нѐ разделуваше, ти беше домот на мојата душа и последното пристаниште на нашиот заеднички пат.

Те сакав. Те сакам. И ќе те сакам дури и во моќта на немоќта, таму каде што љубовта повеќе не се изговара со зборови, туку тивко свети како вечна светлина.

Соња Таировска Ѓурчак

10.07. 2026

Nema komentara:

Objavi komentar