nedjelja, 26. srpnja 2026.

ОД ПРОЗОРЕЦОТ НА ЖИВОТОТ

 

ОД ПРОЗОРЕЦОТ  НА ЖИВОТОТ

Кога животот се гледа не со очите, туку со срцето исполнето со мир, секој камен на патот не е препрека. Тој е само ново и поинакво размислување, поставено на патот како кратка починка пред новиот одскок преку него,  одскок кој понекогаш е полесен од каменот препречен на патот.

Вакви препреки има секојдневно на патот наречен живот. Но кога душата е исполнета со мир и вера, и најголемиот камен станува лесен пред човечката сила, поткрепена со вера.

Човечката душа не се мери со богатството или со силата, ниту со славата и силните аплаузи. Таа се мери со храброста.

Кога животот нема веднаш да ни подаде рака за да се исправиме, тој нè остава на трпението. Нè испитува. Како на неположен животен испит, нè остава повторно да полагаме. И тогаш човечката душа не се предава.

Таа е како здраво семе, дадено во почвата на животот. Никнува во свое определено време.

Гнило семе не може да никне ниту во најдобрата земја. Исто така, и лошите зборови, посеани на пуста почва, немаат живот.

Затоа, биди семе.

Биди и почва која го прима семето и му дава живот да расте во почвата наречена,  живот.

Соња Таировска Ѓурчак .

26.07. 2026 Улм Германија.

Nema komentara:

Objavi komentar