nedjelja, 15. veljače 2026.

МК афоризми

 💗💗💗

Не, самоќата не е секогаш цена што мора да се плати,  

понекогаш е простор  каде човек се среќава со себе. 

Но човекот е создаден и за близина, за разговор, 

за разбирање и со убава мисла за почит и мир ...


💗💗💗

Зборот носи силна порака,  

зборот е  искра што ја открива внатрешната вистина.


💗💗💗

Моќен е зборот. Еден збор, ја открива целата мисла,
гласно се чита
и далеку се слуша.


💖💖💖

Еден збор ја открива мислата; многу зборови ја кријат вистината.

Зборот изговорен гласно се слуша далеку,
но зборот што допира срце
,  одекнува вечно.


💗💗💗

Внимавај на зборот што го изговараш , во него живее мислата,
во мислата живее срцето,
а во срцето , целиот твој мој наш свет.


💗💗💗

Кога зборуваш зборувај со љубов од душата да излегува светлината а зборот гласно.

 💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

15.02.2026

Nema komentara:

Objavi komentar