ПОД ОВА НЕБО Е
МОЈАТА ТАТКОВИНА
Под ова небо е мојата татковина,
тука моето срце за првпат се израдува.
И каде да ме носи животот ,
нејзиното име не згаснува во мојата молитва.
Во мирисот на багремот и родните полиња
детството тивко ми шепоти спомени.
Секоја стапка под
моите чекори е будна,
како искра што го
чува огнот во мојата душа.
Татковината не
се мери со богатство,
ниту со патишта што водат во далечините на светот.
Таа е место каде срцето
наоѓа спокој
и каде љубовта вечно живее.
Под ова небо е мојата татковина,
мојата молитва, мојот мир и мојата сила.
Додека срцето ми чука, ја носам во себе,
како најсветлиот дар под ова небо.
Татковината
не е само земја,
туку корен што секогаш во
душата расти.
Соња Таиривска
Ѓурчак
01.07.2026 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar