petak, 31. srpnja 2026.

Makedonija

 

Македонија го заслужува сето тоа исто така и оваа благодарница.

За прв пат го видов светот под македонското небо.Македонија ме научи искрајно да почитува ценам и сакам. Првите чекори ги направив во таа наша библиска земја,во две реченици неможи да се искаже таа бескрајна благодарност.

Сета моја благодарнос ја упатувам кон мојата земја и мојот народ.

Те сакам Родино

Ти благодарам Татковино.

Во голема радост и возбуда ги пишувам овие редови...

četvrtak, 30. srpnja 2026.

MK

 Нема доволно зборови да се опише убавината на светот. Сега и овде сме во рајот на природата. Со свесно и благодарно срце ја гледам оваа убавина, благословена од Бога. Секој здив, секој цвет, секое дрво и секој зрак светлина сведочат за Неговата љубов нас и природата. Благодарноста е најубавиот поглед кон светот, а природата е тивка молитва што постојано нè потсетува колку е голем дарот на животот благословен од Бога.

Соња Таировска Ѓурчак
29. 07 .2026

utorak, 28. srpnja 2026.

Mk- De Dobro utro - Guten Morgen

 

Добро утро!

Ви посакувам убав, мирен и сончев почеток на денот. Нека ова утро ви донесе радост, здравје и нова инспирација. Секој нов ден е нова страница од животот – исполнете ја со надеж, добрина и насмевка.

Guten Morgen!

Ich wünsche Ihnen einen schönen, friedlichen und sonnigen Start in den Tag. Möge dieser Morgen Ihnen Freude, Gesundheit und neue Inspiration schenken. Jeder neue Tag ist eine neue Seite des Lebens – füllen Sie sie mit Hoffnung, Güte und einem Lächeln.

nedjelja, 26. srpnja 2026.

ОД ПРОЗОРЕЦОТ НА ЖИВОТОТ

 

ОД ПРОЗОРЕЦОТ  НА ЖИВОТОТ

Кога животот се гледа не со очите, туку со срцето исполнето со мир, секој камен на патот не е препрека. Тој е само ново и поинакво размислување, поставено на патот како кратка починка пред новиот одскок преку него,  одскок кој понекогаш е полесен од каменот препречен на патот.

Вакви препреки има секојдневно на патот наречен живот. Но кога душата е исполнета со мир и вера, и најголемиот камен станува лесен пред човечката сила, поткрепена со вера.

Човечката душа не се мери со богатството или со силата, ниту со славата и силните аплаузи. Таа се мери со храброста.

Кога животот нема веднаш да ни подаде рака за да се исправиме, тој нè остава на трпението. Нè испитува. Како на неположен животен испит, нè остава повторно да полагаме. И тогаш човечката душа не се предава.

Таа е како здраво семе, дадено во почвата на животот. Никнува во свое определено време.

Гнило семе не може да никне ниту во најдобрата земја. Исто така, и лошите зборови, посеани на пуста почва, немаат живот.

Затоа, биди семе.

Биди и почва која го прима семето и му дава живот да расте во почвата наречена,  живот.

Соња Таировска Ѓурчак .

26.07. 2026 Улм Германија.

DE

 Mach das Beste im Leben – aus der Seele springt die Quelle.

subota, 18. srpnja 2026.

БЕЛАТА ПОГАЧА

 

БЕЛАТА ПОГАЧА

Се скрши, нашата бела погача,

трошка по трошка,

буква по буква се распадна

во тишината на светската маса.

Богатите полиња  како уметнички слики

останаа во некое исчекување пред

потемнетото стакло на ламбата

која виси во пондилата незапалена

ги памети  само гробовите на предците

и молкот на времето.

Тишината се собра и замина,

затвораќи ја вратата зад себе,

ја  остави мислата како космичка прашинка,

падната врз белата погача.

Останаа ронките да ги составуваат децата

на децките цртежи и во нивно време.

Соња Таировска Ѓурчак

18.07 2026


БЕЛАТА ПОГАЧА

Се скрши, нашата бела погача,

трошка по трошка,

буква по буква се распадна

во тишината на светската маса.

Богатите полиња,  како уметнички слики

останаа во некое исчекување, пред

потемнетото стакло на ламбата

која виси во пондилата незапалена,

ги памети  само гробовите на предците

и молкот на времето.

Тишината се собра и замина,

затвораќи ја вратата зад себе,

ја  остави мислата како космичка прашинка,

падната врз белата погача.

Останаа ронките да ги составуваат децата

на децките цртежи и во нивно време.

Соња Таировска Ѓурчак

18.07 2026


četvrtak, 16. srpnja 2026.

МИРИС НА ДОМАШЕН ЛЕБ

 

МИРИС НА ДОМАШЕН ЛЕБ

Меѓу соништата има и сон.

Сон, кој се раѓа во густиот чад,

кај минувачот кој уште во ноќта незаспал,

се превртува како изгубен сирак

во постелата на сонот.

Пијан од дождот на надежта и

стапалата уморни од тежината на земјата,

чекореки по туѓите калдрми во

соништата на еден сон

кој се сонува само будно под туѓата стреа.

Мирисот и Вкусот на азбуката доаѓаат

од утринскиот весник го чита во надеж,

со мисла и мирис на домашен леб.

Соња Таировска Ѓурчак

16.07.2026

srijeda, 15. srpnja 2026.

ДЕНОТ МЕ БУДИ ДОМА

 

ДЕНОТ МЕ БУДИ ДОМА

Ја напуштам ноќта и тивко го собирам своето тело,

излегувајќи на прсти од спалната соба,

за да не го разбудам утрото,

кое сѐ уште спие како младо посадено дрво

во градината на денот.

Утринското ветре ги раздиплува белите облаци,

од кои се раѓа денот.

Скришум одам во кујната,

каде што ме пречекува ѓезвето

во кое го варам утринското кафе.

Ги отворам ширум портите на денот и

заминувам во црквата да запалам свеќа,

тивко шепотејќи ја молитвата на денот,

која ја изговарам на туѓ јазик.

А денот ме буди дома.

Соња Таировска Ѓурчак

15.07.2026

utorak, 14. srpnja 2026.

МК

 Најубавите моменти во животот често се оние што ги поминуваме во тишина, следејќи го сопственото јас. Да се стигне до тој миг значи да се осети разговор не само со сопствената душа, туку и да се отвори срцето пред Бога.

Во тишината човекот се среќава со својата вистина, а во молитвата и верата ја наоѓа својата сила. Тогаш зборовите стануваат непотребни, бидејќи срцето зборува на јазик што само душата го разбира.

Бог е спасител на сите животни премрежија и засолниште во миговите кога патот изгледа тежок. Колку повеќе му го отвораме срцето, толку повеќе мир, надеж и светлина внесуваме во сопствениот живот.


Кога човекот ќе ја пронајде тишината во себе, ја отвора вратата на срцето пред Бога; а Бог станува спасител и чувар на сите животни премини, бури и замоци што ги носиме во себе.

Домот не е секогаш местото каде што се будиме, туку местото каде што душата секое утро повторно се препознава.



Во тишината го слушам своето срце; во молитвеното срце го чувствувам Бога; а кога Бог е присутен, ниедна животна бура не останува без светлина.

nedjelja, 12. srpnja 2026.

ПОД ЕДЕН ОБЛАК

 

ПОД ЕДЕН ОБЛАК

Под еден облак навира сенката,

посакува да ги сокрие брчките на лицето,

поседените коси ги крие пред тивкото ветре

кое се меша со сенката, криеќи се зад шумот на летото.

Во оваа книга меѓу кориците растат корени

ширеќи далечни гранки како од стариот даб.

Шепотат кориците будеќи ги сите сонови

да се пробудат сите вистини,

што раскажуваат за времето на брчките

за времето од поседените коси и дланките

прелистуваќи во книгата на животот.

Пишувам од книгата на животот.

Читам од страниците на лицето.

Ја делам и ја раскажувам живата моќна приказна

што доаѓа од изодениот пат на еден уморен патник.

Од стапалата потече крв, оставаќи трага од времето

и пишуваќи го последниот збор во оваа книга.

Соња Таировска Ѓурчак

12.07. 2026  

DE

 

 

Zu eurem Hochzeitstag wünsche ich euch Liebe – ein einziges Wort, das alles sagt.

КОГА НОЌВА ЗАМИНАВ

 

 

Кога ноќва заминав

Кога ноќва заминав, не го зедов куферот. Го оставив полн со спомени – да ги листаш, да ги прелистуваш и да им се радуваш сѐ до последниот час од постоењето на оваа планета.

Заминав во непознатиот свет, од другата страна на животот, каде што не се гледа со празни очи, туку со срцето. Со срцето што веќе ги заборави зборовите од овој живот и нечујно отплови во светот на немото небо, во далечината каде што гласовите се тенки, речиси недоразбирливи.

Небото таму е побелено, бело обоено како облаци без дно, како магла без тло и како сенка без дрво.

Таму заминав во утринските часови. Повикот беше толку брз, толку силен и толку далечен. Сѐ беше собрано на едно место – испреплетени патеки од конопци што висеа како стари саѓи на самарот, закачен во пондилата уште од дедовото време. Таму стоеше и чекаше некој патник да помине, да го подигне, да го намести на коњот и повторно да тргне во туѓина.

Опрости што си заминав без поздрав, најмила моја. Ти беше мојата светлина во сите мои мрачни денови. И кога бев покрај тебе, и кога животот нѐ разделуваше, ти беше домот на мојата душа и последното пристаниште на нашиот заеднички пат.

Те сакав. Те сакам. И ќе те сакам дури и во моќта на немоќта, таму каде што љубовта повеќе не се изговара со зборови, туку тивко свети како вечна светлина.

Соња Таировска Ѓурчак

10.07. 2026

srijeda, 8. srpnja 2026.

МК

 Нека мирот ви биде сопатник, радоста извор на сила, а мудроста светлина на секој ваш нов ден. Нека Божјиот благослов ве придружува во вашите мисли, во вашето творештво и во љубовта што ја внесувате во секој напишан збор.


Водата не нè учи само како да течеме. Таа нè учи како да останеме свои, иако постојано се менуваме. Реката секој миг носи нова вода, а сепак останува истата река. Така и човекот – секој ден учи, расте и се менува, но ако ги чува своите вредности, останува верен на себе


Надворешниот свет е убав, но внатрешниот треба да биде уште поубав.


Дрвото со длабок корен не може секоја олуја да го сруши или откорне, колку се подлабоки корените на човековите вредности, толку посигурно ќе стои пред животните ветрови.


Ова се длабоки мисли кои не бараат време за размислување; времето е тука, треба отворена патека по која одиме и истовремено читаме.


Длабоките мисли не бараат многу време за размислување. Тие бараат отворено срце и буден дух. Времето постојано тече покрај нас, а животот е патека по која не само што чекориме, туку и учиме да ги читаме неговите знаци.


Водата можеби не спие како човекот. Таа се одмора така што ја менува својата форма, но никогаш не ја губи својата суштина. Можеби токму затоа е симбол на животот – затоа што животот не престанува, туку постојано се преобразува.


Водата не нè учи само како да течеме. Таа нè учи како да останеме свои, иако постојано се менуваме. Реката секој миг носи нова вода, а сепак останува истата река. Така и човекот – секој ден учи, расте и се менува, но ако ги чува своите вредности, останува верен на себе.


Очите го гледаат светот. Умот му дава значење. Срцето му дава вредност. А душата одлучува што ќе остане вечно во нас.


До слушање, во мир и радост да останеме, со Божји благослов.



subota, 4. srpnja 2026.

СЕГА И ОВДЕ

 

СЕГА И ОВДЕ

Животот е прекраток за да го трошиме своето време на незначајни работи. Затоа, секогаш избирајте ја радоста,  нека биде вашата најверна сопатничка низ ова кратко патување наречено живот.

Еден ден, кога ќе заминеме од овој свет, верувајте, времето ќе ги избрише и нашите добри и нашите лоши страни. Затоа не живејте за туѓите мислења, туку за сопствениот мир, љубов и исполнетост.

Денес е денот што го имате. Искористете ја можноста да го направите најдоброто за себе, да подарите насмевка, да сакате искрено и да живеете така што секој нов ден ќе биде вреден за нов потик и нова радост тоа е можно сега и овде.

Соња Таировска Ѓурчак

04.07.2026 Улм

četvrtak, 2. srpnja 2026.

ЖИВОТ СЕ ВИКА

 

ЖИВОТ СЕ ВИКА

Застани. Замолчи за миг. Само во тишината човек може да го слушне она што вревата на светот постојано го заглушува. Токму таму, во мирот на сопствената душа, ќе откриеш дека животот нуди многу повеќе отколку што можат да видат очите. Ќе научиш да чувствуваш, да доживуваш и, конечно, да сфатиш што навистина значи да се живее.

Животот не е само збор. Тој е најголемото богатство што не може да се купи, да се прегрне, да се допре или да се подари во најубаво украсена кутија со розова машничка. Неговата вредност не се мери со она што го поседуваме, туку со она што го носиме во себе.

Животот е светлина што тивко се протега по патот што сами го создаваме. Колку повеќе чекориме со искреност, добрина и надеж, толку појасно ја гледаме неговата смисла. Не секој ден е сончев, но и најтемната ноќ ја подготвува зората што повторно ќе нè повика да продолжиме.

Да се живее не е само уметност, туку мудрост што се раѓа од искуството. Таа не се стекнува преку лесните победи, туку преку падовите што нè научиле повторно да станеме. Во секој силен човек постои миг на слабост, но вистинската сила не е никогаш да не паднеш. Таа е секогаш да имаш храброст повторно да се исправиш, дури и кога животот те сопнал.

Секоја солза, секоја насмевка, секоја загуба и секоја надеж се делови од една голема приказна што се нарекува живот. Тој тивко, ненаметливо и со бескрајно трпение нè води кон изворот на нашето постоење, каде што човекот конечно разбира дека најголемата победа не е да се има многу, туку да се живее со полно срце.

И можеби токму затоа, животот никогаш не бара од нас совршенство. Бара само да не престанеме да чекориме, да веруваме и да сакаме. Зашто сè додека срцето чука, секој нов ден е нова можност да го напишеме најубавото поглавје од приказната што се вика – Живот.

Соња Таировска Ѓурчак

02.07. 2026 Улм 

UNTER DIESEM HIMMEL IST MEINE HEIMAT

 

Unter diesem Himmel ist meine Heimat

Unter diesem Himmel ist meine Heimat,
dort hat mein Herz zum ersten Mal geträumt.
Wohin mich auch die Wege führen mögen,
ihr Name ist in mir niemals verblasst.

Im Duft der Linden und der reifen Felder
hör' ich die Kindheit leise zu mir sprechen.
Jeder Pfad ruft mich nach Hause zurück,
wenn die Sehnsucht tief in meiner Seele brennt.

Ein Zuhause misst sich nicht am Reichtum der Welt
und nicht an Straßen, die in die Ferne führen.
Es ist der Ort, an dem das Herz seinen Frieden findet
und wo die Liebe niemals vergeht.

Unter diesem Himmel ist meine Heimat,
mein Gebet, mein Friede und meine Kraft.
Solange mein Herz schlägt, trage ich sie in mir –
als das schönste Geschenk meiner Herkunft.

Sonja Tairovska Djurcak

01.07.2026 Ulm 

 

 

СУНЦОКРЕТ У МОЈОЈ БАШТИ

СУНЦОКРЕТ У МОЈОЈ БАШТИ

Сунцокрет у мојој башти
не броји дане, већ светлост броји.
Свако јутро, као по навици,
сунцу своје лице откроји.

Не пита хоће ли кише пасти,
ни ветар хоће ли стабло свити.
Зна да је живот у оном трену
кад срце уме да се диви.

Стоји усправно, тих и миран,
као чувар златног прага.
Учи ме да је снага скривена
у корену, а не у снази.

Када се вече над баштом спусти,
он не жали за минулим даном.
Зна да ће сунце опет доћи,
са новом песмом, новом граном.

И тако расте, без много речи,
једноставан, а тако велик.
Сунцокрет у мојој башти –
мој тихи учитељ, мој златни сведок.

Соња Таировска Ѓурчак

29.06.2026 Улм 

srijeda, 1. srpnja 2026.

ПОД ОВА НЕБО Е МОЈАТА ТАТКОВИНА

 

ПОД ОВА НЕБО Е МОЈАТА ТАТКОВИНА

Под ова небо е мојата татковина,

тука моето срце за првпат се израдува.

И каде  да ме носи животот ,

нејзиното име не згаснува во мојата молитва.

Во мирисот на багремот и родните полиња

детството тивко ми шепоти спомени.

Секоја стапка под моите чекори е будна,

како искра што го чува огнот во мојата душа.

Татковината не се мери со богатство,

ниту со патишта што водат во далечините на светот.

Таа е место каде срцето наоѓа спокој

и каде љубовта вечно живее.

Под ова небо е мојата татковина,

мојата молитва, мојот мир и мојата сила.

Додека срцето ми чука,  ја носам во себе,

како најсветлиот дар под ова небо.

Татковината не е само земја,

туку корен што секогаш во душата расти.

 

Соња Таиривска Ѓурчак

01.07.2026 Улм