četvrtak, 18. lipnja 2026.

МК

 

Благословен е денот во кој добриот збор ќе најде пат до нечие срце.

 

Да очекуваш разбирање, почит или благодарност од народот или околината во која живееш, понекогаш е исто како да се обидуваш да наполниш кофа со вода од празен бунар.

 

Зборот е огледало на нашата душа.

 

Мислата што ја распостилаш по полето на животот може да те одведе и до успех и до неуспех.

 

Зборот не е само огледало на човечката душа, туку и бисер што не ја осветлува само сопствената внатрешност, туку носи светлина и во светот околу нас.


Соња Таировска Ѓурчак

18.06 2026 Улм