СО БОИТЕ НА ЖИВОТОТ
Потекнувам од скромен дом, каде што немаше луксуз, но имаше нешто побогато од злато,
имаше богочовечка љубов и почит.
Во тој родителскин дом научив дека среќата не се мери со пари, парите се потреба за живот
а животот нуди многу повеќе од парите чистата искрајна душа.
Денес, со полни гради и тивка гордост, им се заблагодарувам на моите родители.
Тие ме научија и ми подарија се што имаа, време полно со љубов ме поведоа по патот на едноставниот, но вистински живот.
Како дете, го гледав светот со очите на радоста.
Од родителската добрина искрајност и вера црпев сила, како цвет што ја впива росата на утрото.
Моето детство беше платно, шарено, светло, полно со бои што ги мешав со своите децки соништа.
И тие бои продолжив да ги нанесувам и денес,боеќи го својот живот со љубов, почит и благодарност.
Додека ги пишувам овие редови,солзи ми се тркалаат по лицето не од тага, туку од радост.
Благослов е да се сеќаваш на минатото, со нежност да го живееш сегашниот миг со полно срце, и да чекориш кон иднината со чисти раце и светол збор.
Во животот не е важно колку имаш, туку колку можеш да дадеш па макар тоа било само еден благословен збор, или насмевка што мириса на душа.
Овие солзи, бисерни се сведоци на мојата приказна, ги прикачувам на овој запис како потсетник дека секоја боја на животот се меша со љубовта од детството.
И дека најголемото богатство е срцето што умее да сака.
Соња Таировска Ѓурчак
07.02. 2026 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar