srijeda, 15. srpnja 2026.

ДЕНОТ МЕ БУДИ ДОМА

 

ДЕНОТ МЕ БУДИ ДОМА

Ја напуштам ноќта и тивко го собирам своето тело,

излегувајќи на прсти од спалната соба,

за да не го разбудам утрото,

кое сѐ уште спие како младо посадено дрво

во градината на денот.

Утринското ветре ги раздиплува белите облаци,

од кои се раѓа денот.

Скришум одам во кујната,

каде што ме пречекува ѓезвето

во кое го варам утринското кафе.

Ги отворам ширум портите на денот и

заминувам во црквата да запалам свеќа,

тивко шепотејќи ја молитвата на денот,

која ја изговарам на туѓ јазик.

А денот ме буди дома.

Соња Таировска Ѓурчак

15.07.2026

Nema komentara:

Objavi komentar