srijeda, 29. travnja 2026.

ДА ГО ВРАТАМ ВРЕМЕТО

 

ДА ГО ВРАТАМ ВРЕМЕТО

Сакам да го вратам времето,
време кое замина и не се враќа.

Ги прелистувам книгите,

книгите покриен со прашина,
а сè уште мирисаат на она време
од кое доаѓам и постојам.

Го следам  времето и се наоѓам
во војната што ја водам сама со себе.

Го сеам семето
што ќе никне во некое друго време.

И кога ќе се вратат  сите птици
што одлетаа, што заминаа
во просторот на животот.

Сакам да го вратам времето
на мојот народ, расеан
по должината и ширината на светот.

А земјата посеана со зрното на љубовта

нè чека, и се радува на секое зрно
што никнува и носи нова радост.

Соња Таировска Ѓурчак

21.03. 2026 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar