МОЈАТА ЗЕМЈА
Ова е мојата земја мила
што силно и свето ја сакам.
И подавам рака во утрото бело,
а денот ме води напред и смело.
Низ дворови твој рајски,
со зборови мајчини мајски,
ова е земјата
моја мила
што мириса на темјан.
Во неа јас растам,
со неа жедта ја гаснам.
Ова е мојата земја мила
која ми дава светлина
и сила.
Ти си земја која
љубов има
Ти си јазик ,збор кој
мост гради
Река и вода света
бистра
со душа жива и чиста.
Соња Таировска Ѓурчак
15.05 2026
Nema komentara:
Objavi komentar