ВО ТИШИНАТА НА ДЕНОТ
Во тишината на денот
ги прелистувам страниците на книгата,
каде немо се слуша само еден глас
што одекнува погласно
од длабочината на еден живот.
Се живее – сега...
За солза и воздишка време нема,
времето сега пред денот бега.
Овде и сега, пред олтарот на животот,
распослани се боите на надежта,
боите што се излеваат по страниците на книгата.
А еден збор е бисер што го
запишувам во тишината на денот
и во книгата на мојата душа.
Соња Таировска Ѓурчак
21.06. 2026 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar