КОГА ПАК ИМЕТО СВОЕ ЌЕ ГО ВРАТИШ
Кога пак името твое ќе се врати,
лисјата на дабовите ќе разлистаат,
а, птиците нови гнезда ќе
свијат.
Децата
родени под сонцето,
во сончевите зраци, и живата љубов
што свети до небото на вечноста
и во жилите на благородните,
стрпливо чекаат и свето молат.
А Европа, како нем сведок, гледа
во неправдите што секојдневно ријат.
Но молкот нивен тежи
како камен
врз раните
што сè уште болно крварат.
А тие неми подвизи
од далеку
се препознаваат и под превезот ја
разгоруваат
болката на еден народ.
Но името свое пак ќе го вратиш
никој не може да го избрише.
Ти не си земја родена за маки
Ти си живиот извор на животот.
Никогаш коренот
на стеблото не умира
кога народот силно и свето памети.
Соња Таировска
Ѓурчак
10.05 2026
Nema komentara:
Objavi komentar