nedjelja, 12. srpnja 2026.

ПОД ЕДЕН ОБЛАК

 

ПОД ЕДЕН ОБЛАК

Под еден облак навира сенката,

посакува да ги сокрие брчките на лицето,

поседените коси ги крие пред тивкото ветре

кое се меша со сенката, криеќи се зад шумот на летото.

Во оваа книга меѓу кориците растат корени

ширеќи далечни гранки како од стариот даб.

Шепотат кориците будеќи ги сите сонови

да се пробудат сите вистини,

што раскажуваат за времето на брчките

за времето од поседените коси и дланките

прелистуваќи во книгата на животот.

Пишувам од книгата на животот.

Читам од страниците на лицето.

Ја делам и ја раскажувам живата моќна приказна

што доаѓа од изодениот пат на еден уморен патник.

Од стапалата потече крв, оставаќи трага од времето

и пишуваќи го последниот збор во оваа книга.

Соња Таировска Ѓурчак

12.07. 2026  

Nema komentara:

Objavi komentar