МИРИС НА ДОМАШЕН
ЛЕБ
Меѓу соништата
има и сон.
Сон, кој се раѓа во
густиот чад,
кај минувачот кој
уште во ноќта незаспал,
се превртува како
изгубен сирак
во постелата на
сонот.
Пијан од дождот
на надежта и
стапалата уморни
од тежината на земјата,
чекореки по
туѓите калдрми во
соништата на еден
сон
кој се сонува
само будно под туѓата стреа.
Мирисот и Вкусот на
азбуката доаѓаат
од утринскиот
весник го чита во надеж,
со мисла и мирис
на домашен леб.
Соња Таировска
Ѓурчак
16.07.2026
Nema komentara:
Objavi komentar