srijeda, 27. prosinca 2023.

ЗВОНАТ ЗВОНА кн бр 11

 

ЗВОНАТ ЗВОНА

 

Звонат, звона и ангели пеат

земја се треси, од небо  светлина паѓа

духот свети се раѓа.

Исус се роди!

Божиќна песна Марија пее

за љубов во секој дом.

Сега и сите 365 ден во новава година

Добредојде во домот мој .

Ти се роди од божиот збор

тивко во ноќта од  духот свети

и ја пренесе сета

господова љубов во  сите нас.

Звонат звона и анѓели пеат

Исус се роди!

 

Соња Таировска Ѓурчак

25.12. 2023 Улм

srijeda, 20. prosinca 2023.

МК

 

Публиката се радува

на туѓа невоља.

 

Никој неноси терет

ако не е платен.

 

Во животот секаде се касни,

само смрта е точна во животот

и никогаш некасни.

 

Куката е празна

ако не е изполнета со љубов.

 

Годините минат брзо

а, денот е долг.

 

Соња Таировска Ѓурчак

20. 12. 2023 Улм

 

 

 

 

utorak, 5. prosinca 2023.

МК

 

Кога паметот заборава,

а,срцето престанува да чука  

останува само духот вечен.

 

Кога устата е полна со мед

Нека небиди срцето полно со отров.

četvrtak, 2. studenoga 2023.

БОИТЕ НА ЖИВОТОТ кн бр 11

 БОИТЕ НА ЖИВОТОТ

 Одминуваат и не прашуваат ништо.

Раздиплени по ливадите на денот

поднебесието на звезденото небо.

Обележуваќи ги брчките на жената

наведната над колевката  над новороденчето.

Со насолзени очи го чека домаќинот  

да се вратат од печалба.

Чудотворецот на мислата и јазикот е зборот,

кој се топи и кова во боите на животот.

Само во боите на очите останува летото

и во браздите на почвата,

а пченицата уште не е доздрејана.

Вртеќи  се по патот на печалбарите,

еден ден ќе се вратат во  боите на животот.

Времето ќе го затрупа бунарот,

А водата продолжува во другиот правец

на тишината и во боите на животот.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.11. 2023 Улм 

utorak, 31. listopada 2023.

ПРОЛЕТ ВО РОДНИОТ КРАЈ кн .бр 11

 

ПРОЛЕТ ВО РОДНИОТ КРАЈ

Птиците одлетаа, гнездата останаа празни,

пролет поново се буди во родниот крај.

Стариот даб разлистува како зора рана.

Со солзи во очи и писмо во рака мајка се буди.

Мирис на пролет, погача пресна од фурна селска

само децки глас, нема да се гласи покрај стара мајка.

Седна мајка на куќниот праг

солзи  бриши и гласно моли, вратете се деца мили

мајка за последно да испратите во живот вечен.

Стадото онеми во јазици туѓи.

Камбани бијат со молитва тешка

животот се дели во слогови и стихови цели.

За родниот крај заборав нема

туѓина далечна и јазикот ми го зема.

Кој е тој што лесно ќе живее утре?

Претопени во јазици туѓи

како Бездомниците под синото небо.


Соња Таировска Ѓурчак

21.10 2023 Улм

četvrtak, 26. listopada 2023.

НАПИШИ ПЕСНА кн бр 11

 

НАПИШИ ПЕСНА

Напиши песна

нека небиди само сама.

Животот нека не и тежи

поделија во слогови

и стихови цели .

Да можи лесно да патува

и да живее полесно.

Напиши песна за татковината

која одамна ја нема.

Државни договори,

скаменати  и суви водат во жив очај

во студ и глад.

Пишувам нова песна и тоа веднаш

ја ставам меѓу кориците

во учебникот по историја

урте да ја разбере некој.

Пишувам песна да ја разберам сега ЈАС .

 

Соња Таировска Ѓурчак

26.10.2023 Улм

četvrtak, 19. listopada 2023.

Мудри изреки МК кн бр 11

 

Зборот е огледало на душата.

 

Имај раскошна кочија,

извор на убави зборови.

 

Уста полна со скапоцени камења

зборови нај благородно  богаство.

 

Небарај советници,

биди советник.

 

И,зборот останува во наследство.

 

Зборот има моќна сила

не е сабја ама како сабја сечи.

nedjelja, 15. listopada 2023.

ТИШИНАТА НА ЗБОРОТ


ТИШИНАТА НА ЗБОРОТ

През целиот ден

не кажува ни еден збор,

а пишува во тетратката на денот.

Зборот твори,

помеѓу кориците на книгата.

Јазикот прозбори со тишината.

Устата остана отворена на гладните

а, зборот заминува.

Соња Таировска Ѓурчак

15.10.2023 Улм


četvrtak, 5. listopada 2023.

ПОРТА НА ВРЕМЕТО кн бр 11

 

ПОРТА НА ВРЕМЕТО

Животот има време,

а, во секое време има време.

Се преместува од камен на карпа

од еден ден на еден месец

во една година и во еден век.

Времето продолжува да патува

а човекот ја мина  портата на времето

и се сели во градината на земјата

посеана од божицта на цвеќето.

Колку сме невидливи,

помали и од еден цвет

Кој го навадува една господова солза.

Соња Таировска Ѓурчак

05. 10. 2023 Улм

srijeda, 20. rujna 2023.

ПОРАКА ВО ДЕНОТ

ПОРАКА ВО ДЕНОТ 

Се  гледа длабочината на срцето

не се става оценка на површината

како и на обоената фасада на куќата

најубаво е да се слуша и гледа со срцето,

да не се прерипнува и заобиколува вистината.

Соња Таировска Ѓурчак 

10.10 2023 Улм 

petak, 15. rujna 2023.

MEIN LAND

 

MEIN LAND

Kennst Du mein Land?
Du wirst mein Land kennenlernen:
Mein Land heißt Erde
Über meinem Kopf ist der Himmel
Die Straßen heißen Blumen
An meinem Haus gibt’s keine Nummer
In der Nähe ist ein großer Fluss
Ich kann hin und her spazieren gehen

In meinem Land ist alles hell
In meinem Land ist alles schnell.

Ich habe noch einen Garten
Im Garten gibt’s einen Apfelbaum
Und einen großen offenen Raum
Da wohne ich
In meinem großen Land.

In meinem Land ist alles hell
In meinem Land ist alles schnell.

Das ist mein Land.

Sonja Tairovska Durcak
18.12.2020, Ulm

nedjelja, 10. rujna 2023.

ЈА СЛУШАМ ТИШИНАТА

 Ја слушам тишината 

која се буди со утринската роса,

а реченицата ја запишувам по 

должината на тетратката со збор и во стих.

petak, 8. rujna 2023.

Животот меѓу два света со германски превод

 ЖИВОТОТ МЕЃУ ДВА СВЕТА 

Да се живее меѓу два света ,треба да се сака,да градиш мостови,да градиш пруги и ауто патишта, да можиш секој дневно да миниш.Да мислиш на мајчин македонски  јазик  да зборуваш на германски,тоа не се вика уметно тоа е она длабоко вродена таа голема  љубов за која се зборува и денес.Зборот гордост ми е многу тврд,зборот радост заменува се и кажува многу.

Со радост раскажувам за сите овие години помината токму тука,тука во овај град  Улм.А Дунав ги дели, дели два града а исто времено ги спојува како два обоена метала од старо сребро и ковано злато. Колу е убаво само кога ке се навлези во длабочината да се види светлината и да се пренесе во раците на најмладите на нашите на вашите деца, да спојат само еден град , и таа светлина да ја пренесат преку еден мост.

Цели пееесет години јас личо спојуван два света кој остануваат да света и после некое заминување поново во еден непознат свет.

Сите овие години оставија токму тука могу,донесоа во мојата осамена душа многу радост,  се родија мојте два ангела,кој и они донесоа нова светлина и љубов која како сонце свети.

Животот се сака каде и да сме, најскапоцениот поклон кој сме го добиле од Бога преку нашите  родители.

САКАЈТЕ И СЕКОГАШ САКАЈТЕ порака од МАЈКА ТЕРЕСА.

Со овие неколку збора Ви ги пренесувсм сиве години,  и за кој сакам од тик на моето срце од мојата душа,гласно да кажам ви благодарам.Оваа благодарност денес се запишува во просторот на времето измеѓу небото и земјата.


ПРЕВОД ГЕРМАНСКИ 


Um zwischen zwei Welten zu leben, muss man lieben, Brücken bauen, Eisenbahnen und Autobahnen bauen, jeden Tag vorbeikommen können. In seiner mazedonischen Muttersprache zu denken, auf Deutsch zu sprechen, das nennt man nicht Kunst, das ist das Tiefe, was angeboren ist, diese große Liebe, von der auch heute noch gesprochen wird. Das Wort Stolz fällt mir sehr schwer, das Wort Freude ersetzt alles und sagt viel.


Mit Freude erzähle ich von all den Jahren, die ich hier, hier in dieser Stadt Ulm verbracht habe. Und die Donau trennt sie, teilt zwei Städte und verbindet sie gleichzeitig wie zwei farbige Metalle aus Altsilber und Schmiedegold. Es ist nur dann schön, wenn man in die Tiefe geht, um das Licht zu sehen und es in die Hände unserer Jüngsten und eurer Kinder zu übertragen, um nur eine Stadt zu vereinen und dieses Licht über eine Brücke zu übertragen.

Fünfzig Jahre lang bin ich persönlich in zwei Welten eingetreten, die hell bleiben, und nach einigem Abschied wieder in eine unbekannte Welt.

All diese Jahre haben mich hier verlassen, sie haben viel Freude in meine einsame Seele gebracht, meine beiden Engel wurden geboren, die auch neues Licht und Liebe brachten, die wie die Sonne scheint.

Das Leben wird geliebt, wo immer wir sind, das wertvollste Geschenk, das wir von Gott durch unsere Eltern erhalten haben. Ich LIEBE und LIEBE IMMER eine Nachricht von MUTTER TERESA. Mit diesen wenigen Worten habe ich all die Jahre an Sie weitergegeben und für den ich aus tiefstem Herzen, von meiner Seele aus laut Danke sagen möchte. Diese Dankbarkeit ist heute in der Zeitspanne zwischen Himmel und Himmel aufgezeichnet Erde.

 

 

utorak, 5. rujna 2023.

ЦВЕТНА ГРАДИНА кн бр 11

 ЦВЕТНА ГРАДИНА 

На крајот во моето село

Распослана цветна градина

Во боите на виножито

Цвет до цвет со опоен мирис.

Зад хоризонтот заминуваат

Последните здраци на зајдисонце.

Цветната градина потонува во

Сонот на своите цветови.

petak, 1. rujna 2023.

ДЕТЕТО ПРВАЧЕ.

ДЕТЕТО ПРВАЧЕ

Се всели во континентот на хартијата 

во боите на животот 

и го минува денес прагот на школото,

детето прваче.

Во кората на стеблото ги прелистува првите букви 

збрчкани меѓу моливот и тетратката.

Возбудено диши

а учителката  раскажува 

и ги запишува буквите на таблата.

Соња Таировска Ѓурчак 

01.09.2023 Улм 

utorak, 29. kolovoza 2023.

СЛОБОДА ВО ВРЕМЕТО кн 11

 СЛОБОДА ВО ВРЕМЕТО

И во времето има време

во солзата има солза 

во езерото има езеро 

и во дното има дно.

Во гласот има глас 

а печалбарите заборавија 

за слободата на времето 

и не се вратија назат.

Соња Таировска Ѓурчак

29. 08. 2023 Улм 


nedjelja, 27. kolovoza 2023.

de xxx мк

 Trozt angst heis weita genen ...mut samlen 


Животот е време,

неможиш да го заприш

како река која не се запир.


subota, 26. kolovoza 2023.

СЕМКАТА И ЗБОРОТ

 СЕМКАТА И ЗБОРОТ 

Семка во земја расти, корен плети 

а зборот по меридијаните оди.

Зборот никнува од една семка,

во тишината молчи 

и пишува  песна без наслов.

Зборот е светлина кој свети 

пред прагот на пораката денес .

Да ја чуваме,  семката и зборот

која ја  исполнуваат секоја празнина 

и секоја далечина 

плови во просторот на животот.

Семката и зборот.

ја чуваат прашината од килимите 

кој ги ткаеше мојата  Баба. 

Зборот е мојата Татковина 

а семката е мојата Родина.

Соња Таировска Ѓурчак

26. 08. 2023 Улм 


ponedjeljak, 21. kolovoza 2023.

KO ME SADA RAZUMETI MOZE

 KO ME  SADA  RAZUMETI MOZE

Kome sada da ispricam tugu 

kada mi druga nema

druga da me razumeti  moze.

Pod jastukom suse krijem

dusu sve jace u boli trujem.

Na lice mi niko nije video susu

jer svaka susa samo mene boli.

Noc pretvara se u dan 

na oci ne dolazi san.

Osmeh skriva boli 

a srce jos uvjek te voli.


Sonja Tairovska Djurcak

21.08. 2023 Ulm 







ka Durcak 

subota, 19. kolovoza 2023.

ГРАДОТ МОЈ ВЕЛЕС

 Градот мој е Велес

Градот Велес е распослан на двата Вардарска брега.Реката Вардан е симбол и убавина на Велес.Каде и денеска е сеуште населена видрата кој ја означува чистата вардарска вода.

Градот Велес е крстопат на железницата и автомобилските патишта,на геогравската карта.

Кој се уредно поврзани и се користат и во поранешните години и денас во поновиве времиња каде далеку се помодерзирани.

Градот мој Велес е препознатлив по културата и од вермето на Коста Солев Рацин и до ден денеска каде се надградува со врвни поети како од Велес така и од околината на Велес.

Кочо Рацин остави широко поетско поле до денес и во иднина останува неговата поезија песна да се учи и изучува во школските клупи.Тој е поет кој  останува  во Велес вечено,остана чувар на градот Велес, Тој  остана наш ангел буден, писмо, јазик и на земјата наша чувар.

Тој е творец кој остави многу

и високо остана да свети,

во цветното поле на поезијата,

во земјата наша во градот Велес

распослан по височините на двата вардарска брега.

Ова е еден од многубројни други културни ракописи кој го преставуваат нашиот,мојот град Велес.Со поздрав за Велес.


Пишува 

Соња Таировска Ѓурчак 

19.08.2023 Улм 

srijeda, 16. kolovoza 2023.

МК афоризми

 Благородна е вистината,која дарува умствено збогатување,а ослободува од негативни мисли.

Соња Таиривска Ѓурчак
16.08.2023 Улм

utorak, 11. srpnja 2023.

ПРЕД ОЛТАРОТ НА ЖИВОТОТ

 ПРЕД ОЛТАРОТ НА ЖИВОТОТ 

Палам свеќа,пред олтарот на животот

и за земјата од која се одвоив.

Далечината ги одвои сите мигови

остана сенка од будниот часовник 

кој го мери времето во мојот дом. 

Палам свеќа,пред олтерот на животот 

пред стеблото на животот,

пред тишината која е раскрсница 

во просторот пред детските играчки 

и расти во пораките на песните.

Палам свеќа ,пред олтарот на животот,

молам во тишината и далечината

која ме одвои од стеблото на мојата вистина 

а птиците  останаа да пеат на стариот даб.

Палам свеќа,свеќата гори а искрите летаат 

пред денот на птиците кој го променија правецот 

а, улиците останаа празни и без број.

Соња Таировска Ѓурчак.

10 . 07. 2020 Улм 

četvrtak, 6. srpnja 2023.

СЛИКА НА ВРЕМЕТО кн бр 11

 

СЛИКА НА ВРЕМЕТО

Нацртана со светли  бои

испишана со туѓи јазици.

Реконструкција на обоениот живот

во светлината на розовите бои.

Како со првиот пролетен цвет.

Кој никнува во светот меѓу два ракописа.

Јазикот се заплеткува во устата

Стисна меѓу забите.

Читаќи ја отворената слика

на времето и чудните бои.

 

Соња Таировска Ѓурчак

06.07.2023 Улм

utorak, 4. srpnja 2023.

DIE ZEIT SPRICHT No 1.

 

 

 

Es war ein schöner Septembersommertag. Der Wecker hat geklingelt, und an der Türe war meine Mutti Sie ist hereingekommen, um mich zu wecken.

Die Sonne hat hell und warm gestrahlt.

Der Koffer war gepackt, mit ein paar wichtigen Sachen und trotzdem war er halbleer.

Nein, nein der Koffer war vollgepackt.

Den Rest des Inhalts des Koffers  habe ich hineingefüllt mit der  Liebe meiner Eltern und Geschwister, mit der Wärme meines Elternhauses.

Bis zur  letzten  Ecke war er gefüllt mit  reiner Liebe, diese Liebe  wird mich den ganzen Weg   begleiten  und mein  ganzes Leben, ist egal, wie lang  ich leben werde.

Der Abschied von  meiner Mutter war sehr schwer, schmerzlich und voller Tränen.

 Draußen hat das Auto gewartet, mein Vater und ich sind eingestiegen, weil mein Vater  mich  bis zum   Zug begleiten wollte.  Meine Muti ist hinter dem Auto in dem Hof geblieben. Ich habe mich umgedreht und sah meine Mutti hinter dem  Auto  herspringen und  mit allen beiden Händen hinter mir herwinken.

Ich weinte, und weinte, irgend wann  habe ich aufgehört.

Der Bahnhof war voller  Menschen, die ein Ziell hatten, nämlich in Deutschland zu arbeiten.

Der Zug kam auf Gleis eins an, und  alle fingen an, Abschied zu nehmen. Dann sind alle eingestiegen.

Die Türe ging zu.  

 Laut  kam noch ein letztes Signal des  Zuges und er fuhr los.  Der Zug beschleunigte sich.

Ich hörte mein Herz klopfen. Aus welchem Grunde klopfte es ?

War das nur Neugier, war das Glück oder Angst?

Ein sehr langer Weg stand von uns.

Neugierig schaute ich an der Grenze was auf mich  zukommen würde.

Nichts  Besonderes,  alles war wie bei uns zu Hause Dann setze sich der Zug wieder in Bewegung.

Ich schaute ins Nichts.

Dann sah ich einen Fluss, der in der Gegenrichtung strömte.

und ich dachte an meinen zukünftigen Arbeitsort.

Ich stellte mir den Arbeitsort in hellen Farben vor.

Aber nur in meiner Muttersprache konnte ich ihn mir ausmalen. Meine am meisten benutzte Farbe war grün wie die Natur draußen und ab und zu waren noch ein paar gelbe Blätter zu sehen.

Die leuchtenden Farben umspülten mich wie im Traum.

Nein, ich war kurz eingeschlafen und schon war der Zug in München.

Verzweiflung und Angst waren in meinen Gedanken. Ich riss mich zusammen und  kämpfte mit mir selbst um meine Willensstärke.

Am Nachmittag waren  wir in Ulm angekommen.

Die Treppenstufen im Ulmer  Bahnhof waren beschriftet mit dem Slogan: ABT hat`s, was ich interessant fand.

Wir wurden abgeholt und  in ein  Heim  gefahren.

Dann wurde uns das Zimmer, das Bad und die Küche gezeigt.

 Es wurde uns gesagt: „Morgen um 6.30 sollten Sie sich am Arbeitsplatz einfinden. Der Treffpunkt ist im  Speisesaal.“

Am nächsten Morgen wurden  wir in verschiedene Abteilungen eingeteilt.

Mein erster Arbeitstag war der 13.09.1973 .

Viele Menschen glauben, dass der Dreizehnte  eine Unglückszahl  wäre, aber für mich ist das ein normaler Tag.

Zwei Tage später kam eine hübsche, große, schlanke Dame auf mich zu, gab mir einen Blumenstrauß und zwei  weitere  Geschenke.  Mit einem freundlichen  Lächeln  im  Gesicht und mit  lieben Worten sprach sie: „Herzlichen  Glückwunsch zum Geburtstag und herzlich willkommen bei uns im Heim.“

Obwohl ich gar nichts verstanden hatte , habe ich auf Mazedonisch gesagt:“Blagodaram“ das bedeutet: Dankeschön.

Alle schauten mich an und  später habe ich erfahren, dass sie die Heimleiterin – Direktorin war.

Alles  kam  mir  wie  ein  Wunder  vor, ich fühlte mich so als ob ich schon lange da wäre.

Natürlich war  ich  abends einsam und immer wieder kamen mir meine Eltern und Geschwister in

den   Sinn.

Am meisten trösteten mich Ihre Worte:  Denk  daran, du bist nie alleine, Wir sind in Gedanken immer  bei dir.

 

Alles war schön und neu für mich. Mit der Zeit lernte ich noch neue Menschen und vielle  Dinge kennen.

Alles war sehr wichtig für mich, besonders und interessant war für mich die neue Sprache zu lernen und mich dann leicht an die neue  Welt  anzupassen .

Für mich ist es sehr  wchtig  dankbar zu sein für  mein Leben. Auch  meinem  Mann,der nicht mehr unter uns ist, verdanke ich viel.

Auch an meine Kinder möchte ich ein herzliches DANKESCHÖN richten.Sie geben mir Kraft und Liebe.

Ich danke für  meine Leben, für all  die schönen Momente und für das Kraft auch die Schattenseiten   zu überwinden .

Ich bin so glücklich   und sehr  dankbar  dem Land, das mich herzlich empfangen hat und mir alle Türen offenhölt.

Danke ist für mich ein Hauptwort und deshalb  möchte ich auch Ihnen heute mit diesem Fest eine kleine Freude machen und euch danken.

Ti sakam Rodino Ti blagodaram Tatkovino.

DANKE MAKEDONIJA DANKE DEUSCHLAND.

utorak, 27. lipnja 2023.

СТЕБЛОТО НА СТАРАТА ЦРЕША кн бр 11

 

СТЕБЛОТО НА СТАРАТА ЦРЕША

 

Дишам, и земам здив,

земам здив, да го минам тремот

од долгата темна ноќ.

Доцнам во ноќната доба

параќи ја паежината

пред очите на расплаканото дете.

Се вселив  во просторот

на осамениот континент.

Ги собирам зборовите меѓу редовите

во белата хартија

и ги кријам во кората на осаменото стебло.

Го преместувам темелот на огнот

го гаснам пожарот кој не растемелува ,

од стеблото на старата цреша.

Соња Таировска Ѓурчак

27.06.2023 Улм

 

 

 

ШКОЛСКА ТИШИНА книга бр 11

 

ШКОЛСКА ТИШИНА 

Тишината твори през цела ден.

Во училницата на напуштеното

селско школо.

Ни пишува ни чита.

Кој знае,

кој е тој ветер што го вее

и сонот го ниша,

пред поточината

што се кријат меѓу дабовите

во гората која одамна молчи.

Не кажа ниту збор, а

потона со отворена уста

во длабочината на училницата.

Соња Таировска Ѓурчак

27. 06. 2023 Улм

 

subota, 27. svibnja 2023.

ПЕСНА ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА кн 11

 

ПЕСНА ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА

Секоја песна има нота,

секоја нота има песна и стих.

Некоја песна останува пролет,

некоја песна останува цвет.

Има песна која те води далеку

има песна која те води дома.

Твојата песна мајко

те понесе низ целиот свет.

Широко раскрилени твој раце

го загрнаа целиот свет и секое дете.

Секоја песна е сјај во очи

секоја нота полна со насмевка твоја блага.

Душата твоја уште милно се смее

Твоите зборови благи уште  цел свет го грее.

Мајка  Тереза со љубов полно срце и душа

Безсмртен остана наш дел

Остана да сјај во светот цел.

 

Соња Таировска Ѓурчак

27.05.2023 Улм Германија

 

nedjelja, 14. svibnja 2023.

ОВА Е МОЈАТА МАЈКА

 


ОВА Е МОЈАТА МАЈКА на која сум и бескрајно благодарна што ме донесе на овој свет. Ти ми беше првата учителка во мојот живот, и ми беше пролет во децки дом, зборот МАЈКА е збор кој неможи да се мери ни да се купи, таа е најголемата, нај богатата задача што ја има и ја прифака секоја мајка, голем божи дар која е светлина и пролет пред секое дете.

Знам дека животот не беше во тоа време лесен,како и денес, едно знам колку силна љубов полна, мајка беше,ТИ БЛАГОДАРАМ МАМО ти благодарам ,за недоспаните ноќи,за твојата  љубов, и денес ги спомнувам твоите зборови и твоите поуки,те сакам и Те чуствувам тука Ти благодарам за се и овој мајчин ден нека биди ден на вечна мајчина љубов.

На сите мајки убав благослове мајчин ден.

Соња Таировска Ѓурчак

14.05.2023 Улм

četvrtak, 11. svibnja 2023.

САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

 

САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

 

Времето минува, низ моите поседени коси

патуваќи со туѓата цена на сонот.

Денот ме буди , во пригодата на вистината,

да се сретнам восебе, во сопственото Јас,

пред отворената книга. 

Сакам да се сретнам

со сенката на белиот облаг.

Со буквите исплетени низ корењата.

Да ги прелистувам страниците,

со белите букви испишани на цветниот баграм .

Под белите цветни букви

душата го крие шумот на Татковината,

а една солза се тркала како  карпа

паѓајќи во потокот на тишната

и осветлуваќи ја Татковината .

Соња Таировска Ѓурчак

11.05.2023 Улм

 

četvrtak, 20. travnja 2023.

Продавам кука

 

Продавам Кука во село Извор /Велеско

Градена е куката 1975 реновирана 2022 

Куката е со два стана и работен простор,

или за било која друга употреба.

За пошироки информации на месинџер.

nedjelja, 16. travnja 2023.

ХРИСТОСТ ВОСКРЕСНА HRISTOST VOSKRESNA

 ХРИСТОС васкресе,да врвиме по светлината на ХРИСТА да ни бидат душите полни со љубов,срцата со милост,да растиме во висисината на ХРИСТОС .ХРИСТОСТ секогаш трон во нашиот живот.Вистина васкресе АМИН.

Зборот е жив,

кој е светлина на секој пат,

и денес нека ги осветли сите патеки

нека биди мевлен на болна рана,

нека небиди сабја која срце сечи...

petak, 7. travnja 2023.

МК

 💓💓💓

 

Еден е клуч што ја отклучува вистината.

💓💓💓 

Не е богаството во џепот

богаството е во умот и во добрата душа.

 💓💓💓

Сиромаштијата е буре без дно,

колку да даваш секогаш е празно и малку.

💓💓💓 

Животот е животна камера

што снимаш тоа гледаш и живееш.

 💓💓💓

По можност избегавај ги лошите работи,

што мислиш тоа се враќа,

доброто со добро се враќа

а, лошото со лошо.


Соња Таировска Ѓурчак

07.04.2023 Улм 

subota, 1. travnja 2023.

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО кн 11

 

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО

Пред затвореното небо бега мислата

во раскрилениот облак,

поминуваќи низ замагленото огледало

низ прстите и корените на Татковината.

Се надминуваат  благородите

во стакленото небо,преплетени

со космички изткаени приказни

од обоените градови со олуи

во народната психа и физика

каде се пишува и црта.

Го лажам времето со коцка чоколадо

од моето постоење,

и со многу други реченици 

со блесок во темнината на ноќта.

Остана само едно парче облак

каде небото плачи низ пукнатините на времето

плачи и дождот, кој е крадец на убавото време.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023 Улм

 

 

 

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ кн 11

 

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ

Корнам, една ничкосана тревка

ја стискам во раците

да ја скријам од земјата

во попладневните часови на денот.

Чкрипат старите дабови

во глувотијата на шумата

и во темнината на  дланките.

Никнуваат нови покривки

во одајата на шумата.

Кога се стемнува и спокојно

заминува душата по должината

на старите дабови.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023  Улм

 

petak, 31. ožujka 2023.

СОЛЗА ОД ОЧИТЕ НА МОЈАТА МАЈКА кн 11

 

СОЛЗИ ОД ОЧИТЕ НА МОЈАТА МАЈКА

Од очите на мојата мајка солзи

паѓаат како утринска роса.

Замолчувам, во тишината на времето

претураќи ги сознанијата едно во друго,

кое ме опиваат со твоите солзи.

Пред селската чешма, стојам и гледам

од очите на мојата мајка солзи

паѓа како  утринската роса.

Да можам да го вратам времето назат,

да потрчам босонога,

жедна за твојата прегратка.

Ја сонувам уште старата камена куќа

во  тишината на крај на селото.

Еден ден Мајко, ќе ги соберам сите патеки

кој се тркалаат пред моите стапки

ќе ги  соберам во колевката да ги сочувам

заедно со моето дество

и да ги избришам солзите твои.

Еден ден, да бида пак она мало палаво твое дете.

Соња Таировска Ѓурчак

31.03.2023 Улм

četvrtak, 23. ožujka 2023.

ДОАЃАМ СО ПРОЛЕТА

 

ДОАЃАМ СО ПРОЛЕТА

 

Доаѓам со пролета, во светот на моите стапки

во слика што секогаш моите очи ја сакаат.

Стојам пред замагленото огледало

које во цветна магла го оцуртува мојот свет.

Доаѓам со пролета,

Стигнувам во прегратка на моето време

пред разрушената родителска куќа

камењата стркалани во времето,

а, стапалата згрчено ме болат.

Во кошницата на мојата душа ја спакував пролета

И поново стигнувам со првите пролетни цветови

На прагот во мојот пролетниот дом.

Соња Таировска Ѓурчак

23.03 2023  Улм

nedjelja, 19. ožujka 2023.

МК

 

Во духовниот свет е од многу големо значање зборот,свеста поврзана со чесноста,со дициплина и со интелегенција вистински човечки добронамерни особини киј се и клуч на умствената развиеност.Овој благород го поседува секој човек било каде да е на планетата со ова сето доаѓаме на свет,понатаму во животот само се доградуваме со овие благодати или обратно се одвојуваме.Шекспир рекол : пред да умриш живеј.

Соња Таировска Ѓурчак

19.03.2023 Улм

utorak, 7. ožujka 2023.

МК

 Знам дека сум родена со сите духовни,човечки особини кој и ги употребувам како што е чистата свест човечката дициплина бистрата интелегенција поврзана со чесноста која е огледало прет мојот живот и донирано од моите родители. Убаво е да се цени знае и чуствува ...

nedjelja, 26. veljače 2023.

НАУЧИ ПОВЕЌЕ

 

НАУЧИ ПОВЕЌЕ

Добро дојдовте на првиот час НАУЧИ ПОВЕЌЕ,насловов го одбрав како потик и полесно совладување на сами себеси, научи повеќе нека ја потикни нашата, творечка моќ на знаењето,најголемиот успех е во нашата  упорност,која ке не збогатува во полето на знаењето.

Оваа патека нека ни биди лесна и успешна.

Пред да го започниме часот сакам да се заблагодарам до раковотството на нашиот клуб кој ја овазможи оваа настава со предлог на Ѓоко Трмчевски.

Ви благодарам и на сите вас и се радувам што имаме можност да работиме сите заедно.Ова не е само настава туку е и одговорност,дициплина и посветеност на сите вас ,во благодарение на раковството на клубот.Оваа настава не е  борба за добра оценка него е за добро знаење.

НАУЧИ ПОВЕЌЕ.

Јазикот е најсовршено стрество за комуникација во секојдневието и секаде во светот ,исто како и нашиот мајчин македонски јазик со кој сме родени а со сите други јазице се доградуваме. Познавањето на јазикот во државата каде живееме го олеснува животот во таа држава.

Има една народна поговорка каде се вели:ЈАЗИКОТ Е ПООСТАР ОД САБЈАТА што значи, оружје и го преставува јазикот како скриен нож или сабја.Зато е многу убаво да се знаат и повеќе јазици за да бидиме понаоружани со знаење,секоја војна се смирува со убав добар ЗБОР.

Сигурна сум дека сите од нас уште во нашиот роден крај сме запознати со еден странски јазик кој го изучувавме во школските денови,верувам дека ова е и големо олеснување сега и овде.Учењето е еден и единствен предмет кој се учи цел живот,неговата должина и ширина е бескрајна, без разлика што одбираме и што сакаме да учиме  и во што сакаме да успеиме. А во се се има успех.Да бидиме упорни и успешни во СЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.

Соња Таировска Ѓурчак

05. 03. 2023 Улм

 








НАУЧИ ПОВЕЌЕ

Добро дојдовте на првиот час НАУЧИ ПОВЕЌЕ,насловов го одбрав како потик и полесно совладување на сами себеси, научи повеќе нека ја потикни твојата творечка моќ на знаењето,најголемиот успех е во твоите раце и твојата упорност.

Оваа патека нека ни биди лесна и успешна.

Пред да го започниме часот сакам да се заблагодарам до раковотството на нашиот клуб кој ја овазможи оваа настава.

Ви благодарам и на вас сите и се радувам што имам можност да работам со вас.Ова не е само настава туку е и одговорност,дициплина и посветеност на сите вас ,во благодарение на раковството на клубот.

Јазикот е најсовршено стрество за комуникација во секојдневието и секаде во светот ,исто како и нашиот мајчин македонски јазик.Познавањето на јазикот во државата каде живееме го олеснува животот во таа држава.

Сигурна сум дека сите од нас уште во нашиот роден крај сме запознати со еден странски јазик кој го изучувавме во школските денови,верувам дека ова е и големо олеснување сега и овде.Учењето е еден и единствен предмет кој се учи цел живот,неговата должина и ширина е бескрајна без разлика што одбираме и што сакаме и во што сакаме да успеиме. А во се се има успех.Бидите упорни и успешни во СЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.

Соња Таировска Ѓурчак

05. 03. 2023 Улм

subota, 25. veljače 2023.

КАКО ШТО Е НЕБОТО ЧИСТО

 

 

Како што е небото чисто,

како што е земјата цврста,

како што е духот  прозирен,

така и тука долината цути.

Ако сето ова не постои се се претвори во пустина.

Многу слично е меѓу народите.

Ако престаниме да зборуваме

ако се нема искрајност,

се нема почит и чист збор,

невладее благодарност и љубов

се живее само за интерес

се се претвора во пустина.

Жално ама вистински,непрашувај каталец прашај паталец велеше мајками.

Соња Таировска Ѓурчак

25.02. 2023 Улм

МК

Изборот во животот е многу важен,

избериго најубавото,најдоброто.

За каеење нема место. 

petak, 24. veljače 2023.

мк

 НА БЕЛАТА СТРАНИЦА

Сакам, да ја пронајдам мислата
на белата азбучна страница
која пред мене, зад мене излетува,
во напуштената родна краина.
Во перница,сонот го променив
будно сонувам,
коренот на стеблото пее
а лисјата неуморно треперат во таласите на шумата
која повикува во далечината на еден живот
кој е запишан на белата страница.
Здивот се растури, од подкожните бубачки
боите се разлеаа,слепите не видоа.
Соња Таировска Ѓурчак
23.02. 2023 Улм 

НА БЕЛАТА СТРАНИЦА кн 11

 

НА БЕЛАТА СТРАНИЦА

Сакам, да ја пронајдам мислата

на белата азбучна страница

која пред мене, зад мене излетува,

во напуштената родна краина.

Здивот се растури, од подкожните бубачки

боите се разлеаа,слепите не видоа.

Го преместувам сонот во перница,

будно сонувам,

коренот на стеблото  пее

а лисјата неуморно треперат во таласите на шумата

која повикува во далечината на еден живот

кој е запишан на белата страница.

Соња Таировска Ѓурчак

23.02. 2023 Улм

utorak, 21. veljače 2023.

ПРЕД ПРАГОТ НА МОЈАТА ДУША кн 11

 

ПРЕД ПРАГОТ НА МОЈАТА ДУША

Го мамам ветрот,

да ја смирам бурата на денот

пред прагот на мојата душа.

Дождот се лизга,

врз времето на моето постоење.

Блесок од дијамати ги собирам и кријам

од крадецот на времето во разлеаната ноќ.

Јас како подстанар се туткам

пред прагод на мојата душа

да ја спасам од бурата на темниот облак.

Јазолот на јажето остана врзан,

во прстите на еден чирак.

Бурата одминува и во тишината шумат

првите кокичиња

кој ги кани мојата душа.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 02. 2023 Улм

ponedjeljak, 20. veljače 2023.

ОДАМ БОСА кн 11

 

ОДАМ БОСА

Одам боса,

со песната, која ја пишувам

на македонски мајчин јазик.

Нозете ме бола од изоденото времето

кое остави стапки на долгите печалбарси песни

кој ги пишувам во боите на два света.

Одам боса,

пишувам, под ноќната ламба

ги собирам корените на стеблото

раширени како децки цртеж,на геогрфска карта.

на нозите ноктите ме болат

туѓите чевли ме стегаат..

 

Соња Таировска Ѓурчак

20.03.2023 Улм

 

 

nedjelja, 12. veljače 2023.

МК

 

 

Што окото гледа не гладаме,

што ушите слушаат неслушаме,

што устата зборува

 убавото,доброто не го кажуваме,

во каква душа живееме,

во светлината на непознатото,...

да ја отвориме душата кон доброто и вистината.

petak, 27. siječnja 2023.

И ДЕНЕС Кн 11

 

 

И ДЕНЕС

Да бидам славна како земјата.

Да бидам јасна како небото.

Да бидам цвеќе во цветната градина

на животот.

Да бидам како рибата

која не ја напушта длабочината на морето.

Да ми биди душата полна со разум и во љубов.

А денот да се вика; Тоа е живот

И денес.

Соња Таировска Ѓурчак

28.01 2023 Улм


ponedjeljak, 23. siječnja 2023.

ЗВЕЗДЕНАТА ПОРТА

 

ЗВЕЗДЕНАТА ПОРТА

Се што се знае и гледа е мало како една капка вода,не видливото или иза таа капка вода се крие цел океан тоа што не го гледаме или не го знаеме.

Убавината во животот е многу повисока ,поширока всадена во длабочината на човечката душа.Животот не се мери со надворешните матријални потреби кој се  како кокошкино слепило сами сме си го засадиле во мислата и од таа мисла  неможиме да ја видиме нашата звездена порта која многу повеќе дава и нуди.Човечката моќ е многу посилна и појака од изградениот дом или купената едрилица,кола која ни слуши и се радуваме,сето ова е и убаво и секако потребно кое е и  благословено.

Човечката моќ е многу поголема,има многу  творци на планетава наша,сепак ке го споменам  нашиот Никола Тесла кој е како голем пример во неговото време створи и остави СЕ за човечкиор род ,јас го нарекувам Богочовек кој мислел за доброто на човекот и остави се за човекот да можи полесно во животот.На неговото творешво сум му бескрајно благодарна.

Со неговата моќна добрина не само што стигнала до Звездената порта него и влегол во тоа пространство могу убаво и јасно го пренесе на нашава планета.Сето тоа го однело до таа голема вистина како самиот вели чистата мисла молитвата и струјата која во превод значи Љубов која го осветлува целиот свет.  

Соња Таировска Ѓурчак

23.01. 2023 Улм 

nedjelja, 8. siječnja 2023.

Јас и моето село извор

 

ЈАС И МОЕТО СЕЛО ИЗВОР

1.Моја мала биографија

2.Опис на школото

3. Расказ за манастирот и црквата

4.Расказ за ковачницата

5. За селската воденица

6 За рудникот

7. За езерото

8.  За влачарницата

9. Изворската задружна задруга

10. Јас и моето село  

МК

 💗

Се роди во тишината на ноќта.

💗

Денес и во вечност да сме едно со Христа.

💗

Свети лабата на животот,појди во светлината.

💗

Се не се мери со вага,мерилото е во зборот.

💗

На секоја глава нема шапка.

💗

Камбаната звони, го буди часовникот.

💗

Дабот не се прегризува со заби.

💗

Буката не се искоренува лесно.

💗

Сонот бега кога крекаат жабите.


Соња Таировска Ѓурчак

08.01. 2023 Улм