subota, 1. travnja 2023.

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ кн 11

 

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ

Корнам, една ничкосана тревка

ја стискам во раците

да ја скријам од земјата

во попладневните часови на денот.

Чкрипат старите дабови

во глувотијата на шумата

и во темнината на  дланките.

Никнуваат нови покривки

во одајата на шумата.

Кога се стемнува и спокојно

заминува душата по должината

на старите дабови.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023  Улм

 

Nema komentara:

Objavi komentar