СЕМКАТА И ЗБОРОТ
Семка во земја расти, корен плети
а зборот по меридијаните оди.
Зборот никнува од една семка,
во тишината молчи
и пишува песна без наслов.
Зборот е светлина кој свети
пред прагот на пораката денес .
Да ја чуваме, семката и зборот
која ја исполнуваат секоја празнина
и секоја далечина
плови во просторот на животот.
Семката и зборот.
ја чуваат прашината од килимите
кој ги ткаеше мојата Баба.
Зборот е мојата Татковина
а семката е мојата Родина.
Соња Таировска Ѓурчак
26. 08. 2023 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar