НА БЕЛАТА СТРАНИЦА
Сакам, да ја пронајдам мислатана белата азбучна страница
која пред мене, зад мене излетува,
во напуштената родна краина.
Во перница,сонот го променив
будно сонувам,
коренот на стеблото пее
а лисјата неуморно треперат во таласите на шумата
која повикува во далечината на еден живот
кој е запишан на белата страница.
Здивот се растури, од подкожните бубачки
боите се разлеаа,слепите не видоа.
Соња Таировска Ѓурчак
23.02. 2023 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar