ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО
Пред затвореното
небо бега мислата
во раскрилениот
облак,
поминуваќи низ
замагленото огледало
низ прстите и
корените на Татковината.
Се надминуваат благородите
во стакленото
небо,преплетени
со космички
изткаени приказни
од обоените
градови со олуи
во народната
психа и физика
каде се пишува и
црта.
Го лажам времето
со коцка чоколадо
од моето постоење,
и со многу други реченици
со блесок во темнината на ноќта.
Остана само едно
парче облак
каде небото плачи
низ пукнатините на времето
плачи и дождот, кој е крадец на убавото време.
Соња Таировска Ѓурчак
01.04. 2023 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar