petak, 24. veljače 2023.

НА БЕЛАТА СТРАНИЦА кн 11

 

НА БЕЛАТА СТРАНИЦА

Сакам, да ја пронајдам мислата

на белата азбучна страница

која пред мене, зад мене излетува,

во напуштената родна краина.

Здивот се растури, од подкожните бубачки

боите се разлеаа,слепите не видоа.

Го преместувам сонот во перница,

будно сонувам,

коренот на стеблото  пее

а лисјата неуморно треперат во таласите на шумата

која повикува во далечината на еден живот

кој е запишан на белата страница.

Соња Таировска Ѓурчак

23.02. 2023 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar