utorak, 21. veljače 2023.

ПРЕД ПРАГОТ НА МОЈАТА ДУША кн 11

 

ПРЕД ПРАГОТ НА МОЈАТА ДУША

Го мамам ветрот,

да ја смирам бурата на денот

пред прагот на мојата душа.

Дождот се лизга,

врз времето на моето постоење.

Блесок од дијамати ги собирам и кријам

од крадецот на времето во разлеаната ноќ.

Јас како подстанар се туткам

пред прагод на мојата душа

да ја спасам од бурата на темниот облак.

Јазолот на јажето остана врзан,

во прстите на еден чирак.

Бурата одминува и во тишината шумат

првите кокичиња

кој ги кани мојата душа.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 02. 2023 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar