ДОАЃАМ СО ПРОЛЕТА
Доаѓам со пролета,
во светот на моите стапки
во слика што секогаш
моите очи ја сакаат.
Стојам пред
замагленото огледало
које во цветна
магла го оцуртува мојот свет.
Доаѓам со пролета,
Стигнувам во
прегратка на моето време
пред разрушената родителска
куќа
камењата стркалани
во времето,
а, стапалата
згрчено ме болат.
Во кошницата на
мојата душа ја спакував пролета
И поново
стигнувам со првите пролетни цветови
На прагот во мојот
пролетниот дом.
Соња Таировска Ѓурчак
23.03 2023 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar