ПРЕД ОЛТАРОТ НА ЖИВОТОТ
Палам свеќа,пред олтарот на животот
и за земјата од која се одвоив.
Далечината ги одвои сите мигови
остана сенка од будниот часовник
кој го мери времето во мојот дом.
Палам свеќа,пред олтерот на животот
пред стеблото на животот,
пред тишината која е раскрсница
во просторот пред детските играчки
и расти во пораките на песните.
Палам свеќа ,пред олтарот на животот,
молам во тишината и далечината
која ме одвои од стеблото на мојата вистина
а птиците останаа да пеат на стариот даб.
Палам свеќа,свеќата гори а искрите летаат
пред денот на птиците кој го променија правецот
а, улиците останаа празни и без број.
Соња Таировска Ѓурчак.
10 . 07. 2020 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar