četvrtak, 11. svibnja 2023.

САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

 

САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

 

Времето минува, низ моите поседени коси

патуваќи со туѓата цена на сонот.

Денот ме буди , во пригодата на вистината,

да се сретнам восебе, во сопственото Јас,

пред отворената книга. 

Сакам да се сретнам

со сенката на белиот облаг.

Со буквите исплетени низ корењата.

Да ги прелистувам страниците,

со белите букви испишани на цветниот баграм .

Под белите цветни букви

душата го крие шумот на Татковината,

а една солза се тркала како  карпа

паѓајќи во потокот на тишната

и осветлуваќи ја Татковината .

Соња Таировска Ѓурчак

11.05.2023 Улм

 

Nema komentara:

Objavi komentar