ЗВЕЗДЕНАТА ПОРТА
Се што се знае и
гледа е мало како една капка вода,не видливото или иза таа капка вода се крие цел
океан тоа што не го гледаме или не го знаеме.
Убавината во животот
е многу повисока ,поширока всадена во длабочината на човечката душа.Животот не
се мери со надворешните матријални потреби кој се како кокошкино слепило сами сме си го засадиле
во мислата и од таа мисла неможиме да ја
видиме нашата звездена порта која многу повеќе дава и нуди.Човечката моќ е
многу посилна и појака од изградениот дом или купената едрилица,кола која ни
слуши и се радуваме,сето ова е и убаво и секако потребно кое е и благословено.
Човечката моќ е
многу поголема,има многу творци на
планетава наша,сепак ке го споменам нашиот
Никола Тесла кој е како голем пример во неговото време створи и остави СЕ за
човечкиор род ,јас го нарекувам Богочовек кој мислел за доброто на човекот и
остави се за човекот да можи полесно во животот.На неговото творешво сум му
бескрајно благодарна.
Со неговата моќна
добрина не само што стигнала до Звездената порта него и влегол во тоа
пространство могу убаво и јасно го пренесе на нашава планета.Сето тоа го однело
до таа голема вистина како самиот вели чистата мисла молитвата и струјата која
во превод значи Љубов која го осветлува целиот свет.
Соња Таировска Ѓурчак
23.01. 2023 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar