nedjelja, 31. prosinca 2017.

HEUTE AM INSEL

,heute am Insel unsere leben steht eine große Boot und wartet an uns zu einsteigen der schwimmt in der Ozean zufrieden  Gesundheit Glück und Erfolg, und bring  Unze am Ziel in 2018 alles gute und liebe,mit guten Rutsch.

nedjelja, 24. prosinca 2017.

ХХХХХ МК



💗💗💗
Туѓиот огрев,не ја грее
сопствената зима.

💗💗💗
Денес, денот ја испишува
новата страница,
во книгата на животот,
полна радост.

💗💗💗
Верата во душата е најголема
и го надминува светот
радост,
која ги отвора вратите
на сите желби.

ПОД СЕКОЈА ШАМИЈА ТУЃА

ПОД СЕКОЈА ШАМИЈА ТУЃА

Во селото мое,
во куќното место и старата куќа,
потона во сон,
заспа ,
остана времето будно,
да бдее, во тишината болна.
Ветрот ја руши тишината
и се слуша глас на завивање,
од душата болна.
Бесконечна, широка мајчина душа,
остави плод зборови,
ги помнам,
како во маглите пролетни,
низ пукнатините на земјата,
од кај навираат,
првите пролетни цветови.
Секој мајчин збор,
ја носи пролета.
Пролет,во секој мајчин збор,
цвет, во утробата на пролета
ги отвара портите од градината
на деството.
Кусовечниот изоден пат
пред жештините ја посееа смрта,
жетварите ги собраа плодовите
од последната мајчина летна жетва.
Во прегратки децки,
Те скрив, и вечно те носам
во топлите солзи,
кој се тркалаат по лицето на вечноста.
Длабоко Те кријам, меѓу анѓели бели
и под сводот бел и сив.
Те кријам, и Те барам,
под секоја шамија туѓа,
секое утро,во автобус ист,

те сретнувам, со насмевка блага
и под секоја шамија туѓа.

Соња Таировска Ѓурчак
22.12. 2017 Улм

srijeda, 20. prosinca 2017.

utorak, 19. prosinca 2017.

ПОЧИТУВАНИ на ПОЕТСКИ БЕЛЕГ


Почитувани,сега кога стоиме пред убавите спомени кој одминуваа во светлината на светлината и ни носи нова светлина, новата година која се раскрстува во радост.Со песна ќе се разделиме со солза радосница ќе ја дочекаме и во топла прегратка ќе ја примиме новата 2018 година. Во овие убави денови сакам на сите посебно да Ви се заблагодарам за убавото патување низ ова убава страница ПОЕТСКИ БЕЛЕГ,кој и оваа година остава многу убави спомени и средби кој со многу почит и радос ги споделивме.Да се живее и твори да се споделува и да се роди,да остани белег во просторот на радоста е дар од љубовта чиста.Ви благодарам што ги редевме и ги следевме сите убави творби,го отворивме срцето на изворите кој потекуваат низ оваа страница ПОЕТСКИ БЕЛЕГ.Вашите песни оставија длабоки бразди,посееа семе које и род роди,творци кој во времето на светлината остануваме да живееме.Ви благодара во благодарност почит и радост ви испраќам честитки за новата 2018 година.Имајте благословени Божиќни денови полни во радост со вашите најмили.Поздрав од страницата ПОЕТСКИ БЕЛЕГ.Соња Ѓурчак.
💗💗💓💗💗

subota, 16. prosinca 2017.

ОДГОВОР ЧЕКАМ


ОДГОВОР ЧЕКАМ                                               во книга бр.9

Пишувам,
и оваа песна ја праќам,
да ја понесат ангели бели,
во просторот и во облаци бели.
Кога полноќ ќе стигни, 
оваа песна
кај Тебе да пристигни.
Од песна и крило ангелско
солза ќе капни,
на вечна перница Твоја,
тоа е солза топла
од душата моја.
Одговор чекам,света
од облаци бели
од звесда сјајна
и од божја тајна.
Глас од ангели бели
од вистина горка света,
одговор чекам света.

Соња Таировска Ѓурчак
16. 12. 2017 Улм

utorak, 12. prosinca 2017.

ВЕРАТА, мк

Верата,
во душата е најголема,
и го надминува светот, 

радост,
која ги отвора вратите 

на сите желби.

ponedjeljak, 11. prosinca 2017.

SAAT VREMENA

SAAT VREMENA

Kuca, kao zidni saat
koj otkucava vreme.
Vreme koje se mjeri
odbrojava dane i godine.
Putuje u vrjeme vjecnosti
prolazi preko mosta zivota
gde svako proci mora.
Vreme, zivot putuje dalje
jako daleko,no ipak tako blizu.
Cvet koj cveta u prolet
koj ostaje da cveta u prolet vremena,
ostaje da cveta u vjecnosti.
Vrijeme cisto kao dijamant
koj godinama lezi u zemlji
i nosi svoj besceneti sjaj
sjaj duse vecnog dijamanta
koj otkucava vrijeme.
U saat vremena zivimo danas
a vreme zaustavice se negdije.

Sonja Tairovska Djurcak
11. 12. 2017 Ulm

nedjelja, 10. prosinca 2017.

БЛАГОДАРАМ

БЛАГОДАРАМ,
и благодарам на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија за второто печатење на книгата ГЛАС НА ВРЕМЕТО.Благодарам е збор кои излегува од длабочините на изворите а се влева во силите на океаните.Ви благодарам и Ве почитува, радоста која носи светлина од книгата ГЛАС НА ВРЕМЕТО,Ви благодарам за топлината и чистата љубов која ми ја дарува земјата наша МАКЕДОНИЈА, моето семејство,мојот народ,моите луѓе,соработници на убавиот македонски збор.Светот е убав,а топлата постела од мојата земја е најубава во целот свет, мајчината утроба е Бесконечна создавачка сила која се распостила врз целиот универзум.Благодарната душа патува по патеката на вистината,благодарност до Бињана Костова,Васил Наумов,Зоран Арсов,до целиот Тим во Агенцијата за иселеници на Република Македонија,до печатницата, графичка подготовка Николина Клатт,слика за корицата Бобан Димовски,резенција проф.Божидар Јовиќ и Иван Котев благодарам.Те сакам Македонијо,Ти благодарам Татковино,во благодарност и радост Ве поздравувам сите.
ИМАЈТЕ СЕКОГАШ РАДОСТ.
Соња Таировска Ѓурчак.
10 12. 2017 Улм Германија


ВИ БЛАГОДАРАМ 

 Ви благодарам,почитувана Кети Мицева,за вклучувањето во вашата наставна програма каде дадовте почит и на моето творештво, а децата и присутните Мајки со полно внимание следеа, ви благодарам со почит и љубов,љубовта е збор, збор и јазикот со кој се разбираме и ја делиме големата радост.Да се подели радоста,тоа значи да се сака тоа е одговор од љубовта.Овде, сега останува верата која се протега по должината на неизиното постоење и останува тука во земјата на љубовта.Сонот кој го сонуваме во домот на туѓината ја чува само љубовта,која будно сонува во перницата на срцето,и ја пишува книгата по светлината на страниците и останува да живее во домот на книгата,во книгата која се нарекува живот.Ви благодарам за убавите моменти за радоста со нашите дечиња и нивните Мајки кој со радост и полна љубов се активни и горди на нашата Татковина Македонија.Те сакам Родино Ти благодарам Татковино. Со почит и поздрав од Соња Таировска Ѓурчак.Улм /Донау.


Соња Таировска Ѓурчак
10. 04. 2019 Улм Германија 

četvrtak, 7. prosinca 2017.

ХХХХХ.мк

Се што можи да се купи,не е ништо скапо,сите вредности сто се безплатно добиени,дар подарени од бога се најскапите што повторно неможиме да ги посакаме и да ги добиеми ни со пари.Да се чува душата,да се негува мислата да се чита од лицето да се подади рака која остава добрина и радост,сето ова не се купува со пари.💗💗💗



Денот се препознаво по зората,
а човекот се препознава по зборот.



utorak, 5. prosinca 2017.

ЖИВОТОТ Е ПРИКАЗНА расказ

ЖИВОТОТ Е ПРИКАЗНА

Животот е приказна иста приказна како и приказната ПЕПЕЛАШКА.Низ животот се работи се сее, се смее се радува, се твори и секогаш нова желба душа роди.Животот е ист како и од ПЕПЕЛАШКА.Животот станува и Принц,кој подава рака и сонот станува вистина чиста,Изгубениот чевел ни е чист доказ дека животот не губи никогаш ништо во животот има само чуда.Кралската кочија застанува пред секоја врата,звони и го буди сонот,ја остварува саканата желба и стигнува до Прирнцот на животот.ЖИВОТОТ Е ПРИКАЗНА.

Соња Таировска Ѓурчак
5.12.2017 Улм

nedjelja, 19. studenoga 2017.

БЕГАЛЦИ

БЕГАЛЦИ

Животот во морето плачи,
со иста солза, од некоја друга душа.                                       во книгата бр.9
Звездениот пат остана вечно
да плачи и да свети
пред коралите во бои.
Се гушаат гласовоте
кој шепотат во разумот и вистината.
Се кријат погледи од бегалци
кој ги осветлува фенерот
кој трепери во страв.
Чуден е овој свет
патува за подобро утре,
каде се крие тоа утре?
А времето патува по патот
наречен живот.
И пак пред радост или тага
животот патува сега,
сепак, сака секој некаде да бега.

Соња Таировска Ѓурчак
19.11. 2017 Улм


subota, 18. studenoga 2017.

SLIKI

Kein automatischer Alternativtext verfügbar.

XXXXX mk

 
 💗💗💗
 
 
Секој нов ден носи радост,
секоја година убава младост,
во животот нема мера,
живеј во вистина и вера.
 
 
💗💗💗 

Со зората долета радост 
насекаде распосла младост,
се е во цвет и радост
и овој преубав ден 
нека биди за сите гордост,
со љубов полна радост.

utorak, 7. studenoga 2017.

ВО ЗОРАТА РАНА

ВО ЗОРАТА РАНА

Стана,
од постела топла
со чекори брзи,
замина ноќта
пред зората рана.
Нечии глас, одекнува силно
сонот го буди,
стани,
зората радост нуди.
Се разлеа,
сонот на перница мека
милно го гушна зората рана.
Безимен остана сонот
застана на крстопатот,
раце пружи по зората рана.
Сонот се простира
во вечност цела
остана во зората рана
само тајна една.

Соња Таировска Ѓурчак
07. 11. 2017 Улм

ПЕСНАТА НА ДЕНОТ бр.9

ПЕСНАТА НА ДЕНОТ                             Во книгата бр.9
 

И денес,
песна денот пее,
ветре ја милува
и насекаде ја сее,
светот сака оваа песна да ја чуе
порака со љубов вие.
Мир и љубов,
насекаде денот прати,
овој живот госпот ни го дари
со господова љубов и без пари.
Во песната на денот
солза радосница блика,
мир и љубов
најмила слика.
Песната на денот
на глас душа пее,
за мир и љубов во светот.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 10. 2017 Улм

subota, 4. studenoga 2017.

ХХХХХ МК


 💗💗💗

💗Верата,💗
носи радост во денот,
имајте радост.....

💗💗💗

Законот на животот,
е светлината,
која ја осветлува
вистината и љубовта.

💗💗💗

subota, 28. listopada 2017.

ХХХХХ МК

💗💗💗

Карактерот се гледа
пред сопственото огледало.

💗💗💗

Слободата царува
пред портата на мудроста.

💗💗💗

Верувајте во себе
и во другите околу себе.

srijeda, 25. listopada 2017.

ХХХХХ. МК

Животот нема галеничиња,
за сите нуди исто, 
среќа, здравја,радост,љубов.....

💗💗💗

Убавата мисла гради мостови
не огради,...

💗💗💗

Слободата царува.

💗💗💗

Благодарниците се радост
а животот одговорност.


utorak, 17. listopada 2017.

ПО ПОТРАГА бр.9.

ПО ПОТРАГАТА                                                         Во книга бр 9

Сите патишта го променија правецот
а времето застана.
Птиците летаат во груг,
а рибите пливаат во водите на жалоста.
Се се смени, се се промени,
само адресата остана точна
од болната душа,
адресата од времето
и улицата со истиот број.
Од која чешма сега
течи водата на животот,
која река е пери тагата
на болната душа.
Од кој извор извира
силата на самодовербата.
По потрага
која е распослана во туѓината.
По потрага
која патува низ пустината.
По потрага на времето
одам и одговор барам.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 06. 2016 Бад Швалбах

ЕДНА СТАРИЦА

ЕДНА СТАРИЦА

Минува по лицето на земјата
по улиците на очите
буди сеќавања
дарува надеж,
тагува и крие ,
за сонот кои уште спие.
По улиците потекоја солзи,
прегратките останаа празни,
една старица ја мина земјата,
во шамијата остави љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
17. 10. 2017 Улм

хххххМК

Bild könnte enthalten: 1 PersonВо секој живот има радост.

ponedjeljak, 16. listopada 2017.

ххххх мк


 💗💗💗

Зборот е симбол на човечката душа,
 а вистината се крие многу подалеку,
без него ја губиме тежината на животот.

💗💗💗

Молчи и читај
читај ги умовите туѓи
одговорот нема да ти изостани.

ponedjeljak, 9. listopada 2017.

ХХХХХ МК



💗💗💗
Отвори го прозорот на душата,
ќе го видиш цел свет.

💗💗💗

Светот е мал,
кога имаш големо срце.

💗💗💗

Секое добро носи добро.

💗💗💗

utorak, 3. listopada 2017.

РОДЕНДЕНСКИ ЧЕСТИТКИ

 💗💗💗

И овој ден светна,
птица со честитка во облаци летна,
Ти носи време во радост 
и безброј години во младост 
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

💗💗💗 


Живот је пун лепих ствари, 
и зато нема времена да стари,
и овај дан нуди радост
а године младост.


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ! 

💗💗💗

 ,godinite naka Vi se mnozat,mislite neka se rojat,radosta podeleteja so site,od nasmevkata neka se cita i se sto vi e milo so vas bilo.SREKEN RODENDEN!


 💗💗💗 


nedjelja, 1. listopada 2017.

ХХХХХ...МК


 💗💗💗💗💗

Зората ми е младост,
се будам во радост,
денот го редам во слога,
секој ден ми е подарок од Бога.

💗💗💗💗💗

Овој ден носи радост,
здравје,среќа, богаство и сила
секоја душа, плна е љубов мила.

💗💗💗💗💗

Убавината на денот нема мера ,
здравје,среќа,љувов не се продава,
ни купува со цена.

💗💗💗💗💗

 
Се разбуди денот,
процветаа цветовите
прозборија јазиците
се слуша песната на денот.

💗💗💗💗💗



utorak, 26. rujna 2017.

XXXX de


💗💗💗

Eine leben ist wie Perlenkette geneht mit glücklichen momenten.

💗💗💗

 Ich habe meine eigene lebene und glaube,..."glauben versezen berge"....

💗💗💗

 Kunst ist:
das kannst sehr gut Funzioniren
ohne das du krefte zeigst.

💗💗💗




XXXXX... МК


💗💗💗

Каде и да одиш,до каде и да стигниш и се што ке постигниш го носиш само до мостот на животот,а пото се се губи во светлината, на другата страна  царува законот на вистината.

💗💗💗

Животот е како Охридски бисер нанижан со срекни моменти.

💗💗💗

Само еден збор „кажува многу„

💗💗💗

 Многу зборови ги читаат сите мислите,мисли секогаш добро!

💗💗💗

Седи и размислувај, одговорот на молитвата стигнува. 

nedjelja, 24. rujna 2017.

ГОДИНИТЕ НАЗАТ НЕ СЕ ВРАЌААТ расказ

ГОДИНИТЕ НАЗАТ НЕ СЕ ВРАЌААТ

Се нижат една по една,се редеат измеѓу денот и ноќта,го минаа минатото го очекуваат реалното и вистината, некаде длабоко запишана во народните мудрости.Останува запис од деството од младоста живи спомени кој ќе прераскажуваат од животот од секој живит кој едноставно не се забележува.Можеби некаде далеку некој ќе ги прелистува нашите соништа,ќе издвојува нови надежи и ако ништо не е ново во овој свет, се се пофторува,како и светлината на утрешниот ден.Богатите природни спомени играат во селскиот двор и ја чуваат вистината вечно.Во дворот цветаат цветови во илјада бои тие мали, ситни, цветови кои нудат мирис на радост и младост ги откриваат сите тајни од овој свет.Пишаниот збор ги кани сите погледи да останат вечно запишани во светлината на времето. Разгранетата медена смоква од која мајками го спремаше најслаткото слатко од смокви вечно ќе раскажува за деновите кој минаа во дворот на радоста.Од другата страна се зеленее шумата која вечно зборува со тишината,се останува запишано и се пофторува како најубавите децки приказни,а годините минат.Пишаниот збор е подарок мал со големо срце за годините кој наминуваат и заминуваат.

Соња Таировска Ѓурчак
24. 09. 2017 Улм



četvrtak, 31. kolovoza 2017.

БЕСКРАЈНО ЧУДО

БЕСКРАЈНО ЧУДО                                                                  во книгата бр .9.

Убавината на природата е бескрајно чудо,
колку благо и богато дарува,
насекаде во светот царува.
За возврат не очекува ни грош
нити енен талер во кош.
Цвет до цвет во илјада бои,
на секого полна душа љубов пои.
Само еден миг, да бидиме сите бескрајно чудо
мисла убава и радост на сите да дариме
мир и љубов во светот да подариме.


Соња Таировска Ѓурчак
29. 08. 2017 Улм

РАЈОТ Е ТУКА

РАЈОТ Е ТУКА

Не знам, колку е далеку сонот,
кој поминува покрај будноста
и поново патува во далечините со гласот,
кој повикува, за мир и љубов.
Рајот е тука! Сонот патува
по будноста која ја сонува само сонот.
Меѓу облаците се крие сонот....
Рајот е тука.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм

ХХХХХ...МК


 💗💗💗

Зборот милува...

💗💗💗

Насмевката дарува живот и радост...

💗💗💗

Секавањата будат нов живот.....

💗💗💗

Дициплина,согласност и одговорност
се духовна внатрешна убавина.

💗💗💗

 Во пустината да се пронајди патот до вистинското зрно песок е откривање на сите тајни во животот.

💗💗💗

 Vo pustinata da se pronajdi patot do vistinskoto zrno pesok e otkrivanje na site tajni vo zivotot.


💗💗💗


Мислата е мудрост на убавите дела.


nedjelja, 27. kolovoza 2017.

ПАК Е СЕ ИСТО бр.9

ПАК Е СЕ ИСТО                                                   книга бр 9

Свети свеќа,
пред молитвата на верниците,
во времето на исповед.
Молитвата на верниците,
се распостила низ историјата,
а паежината ги покри сите сенки.
Времето остана исто,
носеќи го стравот пред себе.
Мостовите градени во страв,
ги понесе реката.
Стравот поминува
изчеснува пред чекорите на верниците.
Пак е се исто,
во молитвата на верниците 
живее љубовта
Љубовта е врзана само со љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017. Улм


ДЕНОТ СЕ ВРАЌА

ДЕНОТ СЕ ВРАЌА

Денот пак се повторува во утре,
во денот на верата изчеснува
само една капка солза, пред,
пред, топлината на будноста.
Во книгата на денот,
ништо не изчезнува
денот се враќа,
кога времето некаде заминува
денот го враќа,
она што во срцето го собира,
така е, во секој ден,
денот се враќа во секое утре.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм

КОГА СЕ РОДИВ

КОГА СЕ РОДИВ                                       Во книга бр.9


Кога се родив,
беше радост,
денот мирисаше на младост.
Сите звезди на небото,
беа сјајни,
се формираше само една,
на која се лепеше злато
како на пчела медна.
По должината на денот
го осветлуваше светот.
Кога се родив,
почвата беше плодови полна
разделбата од утробата
на мојата мајка болна.
И сега се се радува
со љубов се дарува
еден живот, стално нешто ново,
кажува и раскажува.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм

subota, 12. kolovoza 2017.

ХХХХХ....МК


 💗💗💗

Сега во радост царувај,
насмевка на лице на секој дарувај
животот нека ти е радост
а се околу тебе  нека ти е младост.

💗💗💗

Законот на природата живее вечно во вистната....

💗💗💗

 Скромноста и почитувањето кон другите,
е законот на разумот кој води до секој успех.

💗💗💗

nedjelja, 6. kolovoza 2017.

АФОРИЗМИ МК

💗💗💗

 Немирот на облаците,
татнеж на грмежите
ја будат тишината.

💗💗💗

Патот до успехот е љубовта и вистината.


💗💗💗

Богаството е процес на мислата.


💗💗💗

Во успехот нема конкуренција
тоа е само пат до чистата вистина.

💗💗💗


Законот на природата живее вечно во вистната....

💗💗💗

Живеј,живеј го животот како делија
младоста твоја секогаш веселија,
години брзо минат
од живитот гранки кинат.

MAKEDONIJA


petak, 4. kolovoza 2017.

КАЈЧЕТО НА НОЌТА

КАЈЧЕТО НА НОЌТА                                           Во книга бр.9 

Тишината трепереше,
во последната звезда на ноќта,
која го будеше денот.
Кајчето на ноќта
го напушти брегот
со брановите на зората
а во бистрите води
потона прегратката на сонот.
Ме сопна сонот
ме разбуди денот.
 

Соња Таировска Ѓурчак
04. 08. 2017 Улм

srijeda, 2. kolovoza 2017.

ОБЈАВЕНО ВО ЕКОНОМИЈА 02. 08. 2017 МК

МАКЕДОНКА СОВЕТУВА ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Јазикот денес е на прво место, но треба и цврста желба

Објавено во: Економија 02 Август, 2017
За да се вработат во Германија младите денес мора да го познаваат  германскиот јазик, со кој им се отвораат многу врати, а понудата за работа е поразнолика и побогата во големите германски градови.
Соња Таировска Ѓурчак, по потекло од велешко, но со долги години живот и работа во Германија зад себе објаснува како македонските работници полесно можат  да се снајдат за вработување во оваа земја.

Јазикот е денес на прво место. Има и други можности каде има и наш народ во прва рака да помогне што се однесува во самиот почеток. Друго, нашите млади денес сите од школски денови ги изучуваат англискиот и германскиот, така да јас не гледам потешкотии за нашите кои сакаат и имаат можности за вработување во странство. Би додала само: Каде и да се работи во било која држава, треба цврста желба како кон себе така и кон работата затоа што со работата го изградуваме нашиот секојдневен живот кој исто така е зависен од работата. Во денешно време е малку тешко не само за Македонци туку  за секого и насекаде во светот, така барем се изјавува во медумите, но сепак јас почитувам едно правило ,,кој сака да работи може  секаде,,.  Било каде сè се започнува со ,,мало,, и за сè е потребно време, секоја семка фрлена во земја и треба време да никне, а и да порасне, затоа  многу работи ги споредувам со природата која ни е огледало на нашиот живот. Во Германија може да работи секој Македонец ако ги има и ги задоволува критериумите  на работодавецот со соодветна квалификација. Во сите поголеми градови  понудата е и поголема за работа“ – објаснува Таировска Ѓурчак.
За тоа колку може да се заработи вели дека зависи од работната позиција, но Германија налага и високи трошоци за живот кои мора да се имаат в предвид.  Сепак, смета дека трошоците зависат од самиот човек и од тоа каде и како сака да живее. Објаснува дека за час работа во земјата се исплаќаат по 8.50 евра, за што таа вели дека е мала сума.
„Јас лично сум многу против оваа мала сатница, не само што самата личност не може да излезе на крај со овие пари,  туку  ја загрозуваме и сета мрежа на системот кој можеби и неразмислувајќи го доведуваме во еден голем и длабок пад. Сите ние сочинуваме и сме градители на еден систем без разлика каде работиме и во која држава, да опстане државата и се потребни здрави и цврсти темели кои не се градат со ефтина рака или се искористува работната рака. Има и други работи кои ја намалија сатницата,  тоа се извозот  во сите држави со многу ефтина работна рака, за секоја држава ова е самоуништување. Се прашувам само дали е свесно или е несвесно. Како позначајни падови би ги издвоила овде здравството,  пензионерските фондови и сите други фондови кои се исклучиво поддржани од сите вработени. Месечните расходи се многубројни,  сè зависи од личноста каде и како сака да живее. За еден посолиден стан потребни му се најмалку 700 евра. Останатите трошоци  не се под 500 евра, а овие трошоци  можат да се намалат ако се сместува  подалеку од градот во помали места, но со тоа се зголемуваат другите давачки при што  е потребно и сопствено возило и секако времето потрошено на патување кое се скратува од слободното време“ – додава Таировска Ѓурчак.
Таа од 1973 година живее во Германија и е задоволна од квалитетот на живот кој таму го има. За себе вели дека работела на повеќе работни места, но секогаш се трудела совесно и одговорно да ја извршува својата работа.
„Познавање од германскиот јазик имав само еден единствен збот ГУТ,  тоа беше сè. Но, сепак се до сега е навистина гут/добро. Работев на многу работни места од каде и собирав многу знаење како  со јазикот така и со сите работи кои за мене беа многу нови, секаде имав голема одговорност, без разлика на моето познавање на јазикот, ги извршував моите секојдневни работи со многу самодоверливост која брзо беше забележана  од работодавецот, каде стекнував и голема доверба“ – вели таа.
За Германија додава дека законите и работничките права се почитуваат што е во корист на работникот.
Сања Атанасовска

nedjelja, 30. srpnja 2017.

КОМЕНТАРИ ЖЕЛБИ и ПОКАНИ




Со почит и радост го поздравувам настапот кој е светлина на зборот кој е осветлен со светлинсата и останува светлина по тефтерите на книжевноста од нашите ВЕЛЕШКИ КНИЖЕВНИ ВЕЛИКАНИ.Имајте радост и во радоста радост.Соња Улм Велес


 
Министерство за надворешни работи булевар “Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија промоција на: ПОЕТСКИ БЕЛЕК, остава записи во корените на Македонската почва, по страниците и тефтерите во Македонската литература, мало дело голема порака. Почитувани со радост и љубов ве поканувам на 22. 07. 2016 год. со почеток во 10.ч во Скопје. Да сте дел од овај културен настан,кој ги пренесува брановите на топлината.Вашето присуство ги отвора вратите во просторот на љубовта. Соња Таировска Ѓурчак Велес Улм Германија

ПТИЦА СУМ

ПТИЦА СУМ
 
 
Птица сум,
правам гнездо во куќата на Рацин
летам по улиците на Рацин,
по сокаците, по калдрмата
осветлена со златните Рацинови букви.
Птица сум,
ги отворам ширум портите
на сите песни од Рацин,
улиците ги китам со зелен дабов лист,
како пред Ѓурѓовде,
улиците ги китам, со песните на Рацин.
Птица сум,
летам во просторот со времето
летам и ги пеам песните на Рацин.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 07. 2017 Улм , Велес


utorak, 25. srpnja 2017.

АФОРИЗМИ 25. 07. 2017 Улм

*****


Убавиот живот е, златниот рудник
од каде се црпи убавината на денот.

*****

 Нежни а цврсти се желбите кои стигаат до целта.

*****

Малите нешта носат голема радост.

ХХХХХ....МК Велес


Убавиот живот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.

nedjelja, 23. srpnja 2017.

ТАМУ ПОКРАЈ БРЕГОТ бр .9.

ТАМУ ПОКРАЈ БРЕГОТ                                      Во кногата бр.9.

Таму,
покрај брегот на еѕерото,
таму,
уште цвета еден цвет.
Таму,
помеѓу зборовите на песната
таму,
уште тишината зборува со песната.
Таму,
помеѓу вистината на зората
таму,
уште една светлината руди,
таму,
уште една љубов зората ја буди.
Таму,
уште плачат песните
таму,
уште капат солзите на брегот,
таму,
покрај брегот на езерото
таму,
една птица престана да пеее.

Соња Таировска Ѓурчак
23.07. 2017 Улм

subota, 22. srpnja 2017.

ХХХХХ









Тајната на животот е чистата мисла,бисер кој се наоѓа во длабочините на душата.

utorak, 18. srpnja 2017.

АФОРИЗМИ 25.07. 2017


*****

Успехот се гради со труд и работа.

*****

Успешниот човек, не е роден
под среќна звезда,
роден е под звездата на  трудот.

*****

Само една искра ја осветрлува темнината.

*****

 Во пустината да се пронајди патот 
до вистинското зрно песок е 
откривање на сите тајни во животот.

*****

Тајната на животот е чистата мисла,
бисер кој се наоѓа во длабочините на душата. 

  *****Убавиот живот е златниот рудник од каде се цУбавиот вот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.рпи убавината на денот.

 

бавиот живот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.

nedjelja, 16. srpnja 2017.

ЧАСОВНИКОТ

ЧАСОВНИКОТ

Часовникот,застана
во времето кога ти замина.
Стрелките се разделија
една го враќа времето,
другата ги пренесува зборовите
кои останаа недоискажани.
Денес е повик за утре,
будноста е сега
за времето кое замина
кое кажува и раскажува
за сето она
што е веќе од векот кажано.
Времето, патува
помеѓу вистините,
заминува и остава глас
кои живее во времето сега.
Календарот на времето ќе ја
избриши ноќта,
сенките ќе ја одминат
росата на пролета
а, времето живее
пред часовникот кои застана.

Соња Таировска Ѓурчак
16.07. 2017 Улм

petak, 14. srpnja 2017.

ЗЕМЈА НА ЉУБОВТА

Од книгата СОЛЗА И ЉУБОВ издание 2013 Скопје
песната

 

 

ЗЕМЈА НА ЉУБОВТА

Со солза љубов полеана
со злато љубов облеана.
Тоа тоа е мојата мила Македонија.2х

Таква земја само една има
само една вистина света
никој нема кантар да ја мери
ниту има да и смени.
Земја моја на љубовта
змја моја на вистината.
Тоа тоа е мојата мила Македонија.2х

Таква земја само една има
само една вистина света
никој нема кантар да ја мери
ниту име да и смени.
 
 
Соња Таировска Ѓурчак
14.07. 2012 Улм
Пее Оливер и Соња

petak, 7. srpnja 2017.

ВРЕМЕТО ЖИВЕЕ

ВРЕМЕТО ЖИВЕЕ
Еден ден,сите звезди на небото
ќе се претворат птици
ќе полетаат во прегратките
на топлината и вистината
на времето кое живее во радост.
Морето ќе испари во прав на цвет
ќе закитат нови пустини
кој ќе цветаат во цветот на љубовта.
Еден ден встината ќе ја украсува секоја
воздишка од душата на почвата ......

utorak, 4. srpnja 2017.

БУДИЛКА НА РАДОСТ

БУДИЛКА НА РАДОСТА


Време кое одминува
и пак се враќа.
Капка по капка, крв жар капи,
камен по камен, судбина се реди,
од сите страни,
меѓу недоспаното утро,
меѓу недоздреаните цреши,
кои уште црвено жолти капат,
меѓу песната на ветрот
меѓу песните на птиците
надлетува и мојата песна за тебе
будилке на радоста.
Пламен во очи ладни.
за капка крв многу гладни.
Во студено утро
ноќта ќе згасни
во река шепот песна ќе згасни.
Пред прагот на смрта некој рие,
свеќа се топи
а љубов крв во тебе врие.
Засолниште од горештини жешки
земја бара,а ноќта затвора врата.
Селски камбани звона звонат
со грутка снег пожар ќе згасни.
Будилке ти љубов нудиш,
ти секоја буква и буквар го будиш.
Будилке на радост
во тебе пак ќе цвета вечна младост.


Соња Таировска Ѓурчак
04. 07. 2017 Улм