nedjelja, 30. srpnja 2017.

ПТИЦА СУМ

ПТИЦА СУМ
 
 
Птица сум,
правам гнездо во куќата на Рацин
летам по улиците на Рацин,
по сокаците, по калдрмата
осветлена со златните Рацинови букви.
Птица сум,
ги отворам ширум портите
на сите песни од Рацин,
улиците ги китам со зелен дабов лист,
како пред Ѓурѓовде,
улиците ги китам, со песните на Рацин.
Птица сум,
летам во просторот со времето
летам и ги пеам песните на Рацин.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 07. 2017 Улм , Велес


Nema komentara:

Objavi komentar