utorak, 7. studenoga 2017.

ВО ЗОРАТА РАНА

ВО ЗОРАТА РАНА

Стана,
од постела топла
со чекори брзи,
замина ноќта
пред зората рана.
Нечии глас, одекнува силно
сонот го буди,
стани,
зората радост нуди.
Се разлеа,
сонот на перница мека
милно го гушна зората рана.
Безимен остана сонот
застана на крстопатот,
раце пружи по зората рана.
Сонот се простира
во вечност цела
остана во зората рана
само тајна една.

Соња Таировска Ѓурчак
07. 11. 2017 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar