nedjelja, 16. srpnja 2017.

ЧАСОВНИКОТ

ЧАСОВНИКОТ

Часовникот,застана
во времето кога ти замина.
Стрелките се разделија
една го враќа времето,
другата ги пренесува зборовите
кои останаа недоискажани.
Денес е повик за утре,
будноста е сега
за времето кое замина
кое кажува и раскажува
за сето она
што е веќе од векот кажано.
Времето, патува
помеѓу вистините,
заминува и остава глас
кои живее во времето сега.
Календарот на времето ќе ја
избриши ноќта,
сенките ќе ја одминат
росата на пролета
а, времето живее
пред часовникот кои застана.

Соња Таировска Ѓурчак
16.07. 2017 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar