ПОД СЕКОЈА ШАМИЈА
ТУЃА
Во селото мое,
во куќното место
и старата куќа,
потона во сон,
заспа ,
остана времето
будно,
да бдее, во
тишината болна.
Ветрот ја руши
тишината
и се слуша глас
на завивање,
од душата болна.
Бесконечна,
широка мајчина душа,
остави плод
зборови,
ги помнам,
како во маглите
пролетни,
низ пукнатините
на земјата,
од кај навираат,
првите пролетни
цветови.
Секој мајчин
збор,
ја носи пролета.
Пролет,во секој
мајчин збор,
цвет, во утробата
на пролета
ги отвара портите
од градината
на деството.
Кусовечниот
изоден пат
пред жештините
ја посееа смрта,
жетварите ги
собраа плодовите
од последната
мајчина летна жетва.
Во прегратки
децки,
Те скрив, и вечно
те носам
во топлите солзи,
кој се тркалаат
по лицето на вечноста.
Длабоко Те кријам, меѓу анѓели бели
и под сводот бел и сив.
Те кријам, и Те барам,
под секоја шамија туѓа,
секое утро,во автобус ист,
Длабоко Те кријам, меѓу анѓели бели
и под сводот бел и сив.
Те кријам, и Те барам,
под секоја шамија туѓа,
секое утро,во автобус ист,
те сретнувам, со насмевка блага
и под секоја
шамија туѓа.
Соња Таировска
Ѓурчак
22.12. 2017 Улм
22.12. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar