ОДГОВОР ЧЕКАМ во книга бр.9
Пишувам,
и оваа песна ја
праќам,
да ја понесат
ангели бели,
во просторот и
во облаци бели.
Кога полноќ ќе
стигни,
оваа песна
кај Тебе да
пристигни.
Од песна и крило
ангелско
солза ќе капни,
на вечна перница
Твоја,
тоа е солза топла
од душата моја.
Одговор чекам,света
од облаци бели
од звесда сјајна
и од божја тајна.
Глас од ангели
бели
од вистина горка
света,
одговор чекам
света.
Соња Таировска
Ѓурчак
16. 12. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar