ПО ПОТРАГАТА Во книга бр 9
Сите патишта го
променија правецот
а времето застана.
Птиците летаат
во груг,
а рибите пливаат
во водите на жалоста.
Се се смени, се
се промени,
само адресата
остана точна
од болната душа,
адресата од
времето
и улицата со
истиот број.
Од која чешма
сега
течи водата на
животот,
која река е пери
тагата
на болната душа.
Од кој извор
извира
силата на
самодовербата.
По потрага
која е распослана
во туѓината.
По потрага
која патува низ
пустината.
По потрага на
времето
одам и одговор
барам.
Соња Таировска
Ѓурчак
31. 06. 2016 Бад
Швалбах
Nema komentara:
Objavi komentar