РАЈОТ Е ТУКА
Не знам, колку
е далеку сонот,
кој поминува
покрај будноста
и поново патува
во далечините со гласот,
кој повикува,
за мир и љубов.
Рајот е тука!
Сонот патува
по будноста која
ја сонува само сонот.
Меѓу облаците
се крие сонот....
Рајот е тука.
Соња Таировска
Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar