utorak, 4. srpnja 2017.

БУДИЛКА НА РАДОСТ

БУДИЛКА НА РАДОСТА


Време кое одминува
и пак се враќа.
Капка по капка, крв жар капи,
камен по камен, судбина се реди,
од сите страни,
меѓу недоспаното утро,
меѓу недоздреаните цреши,
кои уште црвено жолти капат,
меѓу песната на ветрот
меѓу песните на птиците
надлетува и мојата песна за тебе
будилке на радоста.
Пламен во очи ладни.
за капка крв многу гладни.
Во студено утро
ноќта ќе згасни
во река шепот песна ќе згасни.
Пред прагот на смрта некој рие,
свеќа се топи
а љубов крв во тебе врие.
Засолниште од горештини жешки
земја бара,а ноќта затвора врата.
Селски камбани звона звонат
со грутка снег пожар ќе згасни.
Будилке ти љубов нудиш,
ти секоја буква и буквар го будиш.
Будилке на радост
во тебе пак ќе цвета вечна младост.


Соња Таировска Ѓурчак
04. 07. 2017 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar