nedjelja, 10. prosinca 2017.

БЛАГОДАРАМ

БЛАГОДАРАМ,
и благодарам на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија за второто печатење на книгата ГЛАС НА ВРЕМЕТО.Благодарам е збор кои излегува од длабочините на изворите а се влева во силите на океаните.Ви благодарам и Ве почитува, радоста која носи светлина од книгата ГЛАС НА ВРЕМЕТО,Ви благодарам за топлината и чистата љубов која ми ја дарува земјата наша МАКЕДОНИЈА, моето семејство,мојот народ,моите луѓе,соработници на убавиот македонски збор.Светот е убав,а топлата постела од мојата земја е најубава во целот свет, мајчината утроба е Бесконечна создавачка сила која се распостила врз целиот универзум.Благодарната душа патува по патеката на вистината,благодарност до Бињана Костова,Васил Наумов,Зоран Арсов,до целиот Тим во Агенцијата за иселеници на Република Македонија,до печатницата, графичка подготовка Николина Клатт,слика за корицата Бобан Димовски,резенција проф.Божидар Јовиќ и Иван Котев благодарам.Те сакам Македонијо,Ти благодарам Татковино,во благодарност и радост Ве поздравувам сите.
ИМАЈТЕ СЕКОГАШ РАДОСТ.
Соња Таировска Ѓурчак.
10 12. 2017 Улм Германија


ВИ БЛАГОДАРАМ 

 Ви благодарам,почитувана Кети Мицева,за вклучувањето во вашата наставна програма каде дадовте почит и на моето творештво, а децата и присутните Мајки со полно внимание следеа, ви благодарам со почит и љубов,љубовта е збор, збор и јазикот со кој се разбираме и ја делиме големата радост.Да се подели радоста,тоа значи да се сака тоа е одговор од љубовта.Овде, сега останува верата која се протега по должината на неизиното постоење и останува тука во земјата на љубовта.Сонот кој го сонуваме во домот на туѓината ја чува само љубовта,која будно сонува во перницата на срцето,и ја пишува книгата по светлината на страниците и останува да живее во домот на книгата,во книгата која се нарекува живот.Ви благодарам за убавите моменти за радоста со нашите дечиња и нивните Мајки кој со радост и полна љубов се активни и горди на нашата Татковина Македонија.Те сакам Родино Ти благодарам Татковино. Со почит и поздрав од Соња Таировска Ѓурчак.Улм /Донау.


Соња Таировска Ѓурчак
10. 04. 2019 Улм Германија 

Nema komentara:

Objavi komentar