КОГА СЕ РОДИВ Во книга бр.9
беше радост,
денот мирисаше
на младост.
Сите звезди на
небото,
беа сјајни,
се формираше
само една,
на која се лепеше
злато
како на пчела
медна.
По должината на
денот
го осветлуваше
светот.
Кога се родив,
почвата беше
плодови полна
разделбата од
утробата
на мојата мајка
болна.
И сега се се
радува
со љубов се
дарува
еден живот,
стално нешто ново,
кажува и раскажува.
Соња Таировска
Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar