petak, 30. prosinca 2016.

ОВДЕ


И ОВАА ГОДИНА


ВИСТИНАТА НА СОНОТ


ВИСТИНАТА НА СОНОТ

Погледот застана таму,
каде душата замина и
со сонот се бори.
Под урнатини, камења тешки,
прегратки празни,
темнина и болка остана
длабоко во длабочините на
сопственоста на душата,
во зборот празен.
Вените мои,
станаа улици твои,
и времето пишува,
писма праќа......разни.
Знам во овој живот постои закон
во пазувата на утробата
се крие мирисот на животот,
кои е бесмртен.
Душата таласа,
по посевите на полето,
цути сончогледот и се врти
како разиграно дете
со погледот кој бега и ја бара
вистината на сонот.

Соња Таировска Ѓурчак
30.12. 2016 Улм



ГОДИНА ЦЕЛА

ГОДИНА ЦЕЛА

Измина и оваа година цела
за неа нема веќа цена,
рака подава по година нова и,
и вели сега ела,
Ти годино нова.
Полна бев со радост
и во бело руво младост.
Слава имај сега
Ти годино нова,
секое лошо од тебе нека бега,
имај мир и биди љубов полна
Ти годино нова.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 12. 2016 Улм

КАНДИЛОТО НА ДЕНОТ

 
 
КАНДИЛОТО НА ДЕНОТ                             Во книга бр   9

Солзи,
истурени по перницата,
во ноќта,
во тишината,
во темнината.
Солзи,
кој се цедат во масло
и, свети кандилото на денот.
По улиците на денот
очите ја испишуваат
тагата и болката.
Чаша полна солзи,
болка скриена во ноти,
пред кандилото на денот.
Низ завесата,
минува погледот на денот,
кандилото свети и го буди сонот.
Тежината неизмерно тежи,
душата гори,
а, светлината го буди денот.
Денот диши,
пред зимската ноќ
смрзната и ладна,
трепереќи ја чека
утринската мајска магла а
багремот го чека цветниот ден.
Ден, мирис на Мај,
ден,мирис на цвет,
мирис на бесмртен ден.
Пијсажот зимски се топи пред
кандилото на денот.
Солзите станаа роб на лицеето
милуваќи ја светлината на денот.
Во храмот на небото
спомени,
мисли разлеани,
треперат очите на звездите а,
ветрот, милуваќи ги бриши солзите
пред кандилото на денот.
Светлината патува
а, сенките го чекаат
вистинскиот животен сон......

Соња Таировска Ѓурчак
30. 12. 2016 Улм


srijeda, 28. prosinca 2016.

ВЕ САКАМ

ВЕ САКАМ,
најпрво на Баба и Дедо,
на Мама и Тато
на Дада и Бато,
благодарам сакам да ви речам,
вие сте огледало и украс на моето дество.
Зато итам и елката ја китам
со многу убави желби во
2017 год.
ви испраќам и,
да ви кажам дека сите ве сакам.
Тоа е најголемиот дар,
што ќе ви го донеси од мене Дедо МРАС.
ВЕ САКАМ.

Соња Таировска Ѓурчак
28. 12. 2016 Улм

subota, 24. prosinca 2016.

СВЕТЛИНА

Во секое време, светлината е струја,
која го осветлува патот на животот.


petak, 16. prosinca 2016.

ЗБОРОТ Е ЖИВ бр.9.

ЗБОРОТ Е ЖИВ

Се раѓа од утробата на мислата,
живее измеѓу животот и смрта,
вистинсака неоткриена тајна
не забележуваќи живее и збори.
Убави зборови се редат,
и овој живот го следат.
Зборот е жив и живее,
и после смрта,
останува вечност, во просторот
распослан под звезденото небо.
Збор ко звезда зрачи,
во животот многу значи.
Зборот е жив и живее,
во колефката на живото,која диши.
Мудро почитуваќи го животот
следеќи го изворот од каде се раѓа
зборот кој е жив и живее.
Тродољубива река носи убав збор,
добриот збор е радост
исполнет и осветлен во младост.
Зборот е жив и живее
во стеблото на благородното дрво
кое раѓа плод на животот.....

Соња Таировска Ѓурчак
16. 12. 2016 Улм

nedjelja, 11. prosinca 2016.

ЗАКОН НА ВРЕМЕТО

ЗАКОН НА ВРЕМЕТО

.................Во длабочината на светлината и во просторот постои време,време кое треба да се запознае,запознавање е и препознавање на вистината.Запознавање на околината а најзначајното е и да се запознаеме себеси.Во сите творечки мисли,без разлика колку се големи или мали,сите се светлина на висината.Човекот е една големина само тогаш кога ќе се препознае во мислите скриени во огледалото на внатрешниот свет,тој свет е слобода која има одговорност во законот на времето. Кантарот со која ја мериме нашата мисла, е кантар на добро и зло.Доброто е извор на успехот, огледало на светлината. Зад завесата се крие одговорноста на човечката мисла која го менува нашиот карактер, несвесно се злоупотребува,  љубовта закон на времето.....Светлината е огледало,доброто подарено на нашите блиски,и добрите дела се посеви по градината законот на времето......Сакам,можам и творам со светлината на огледалото.......

Соња Таировска Ѓурчак
11. 12. 2016 улм

srijeda, 7. prosinca 2016.

И денес


И денес!
Денот нека лета,
во радост нека цвета
убава мисла нека води
со љубов нека оди.

utorak, 6. prosinca 2016.

Зората не буди

Зората не буди
нови слики нуди
утрото светлина листа
денот во радост на сите
нека им блиста.


 Соња Таировска Ѓурчак
 06. 12. 2016  улм

ПРОМОЦИЈА СКОПЈЕ



ponedjeljak, 28. studenoga 2016.

МОСТОТ НАРЕЧЕН ЉУБОВ


МОСТОТ НАРЕЧЕН ЉУБОВ


Одамна беше тоа,а остана запишано како да е сега.Се нижат зборови на сеќавања,будат вистини,традиции,вера која е врзана во срцето од младоста, срце која ја носи и чува како аманет од топлото огниште,кое уште гори во пламен.Врзано во историјата од младоста, која дава сила,љубов и ја грее златното Сонце.Зелените ливади останаа да раскажуваат за децвото поминато под брегот, и ги чува приказните кои и сега дишат.Зборот мајчин е звезда,која оживува минато,а раѓа сегашност од животот на двојниот пат.Летото гостува и под зимските перници,раскажуваќи ги убавините од книгата напишана во летниот распуст,од домот на величината,а животот ги дели со странскиот јазик но спак вели ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО.
Насталгијата го сретнува секое заталкано срце,кое чиниш веќе е замрзнато во водите на океанското бранување,или во просторот под небото,каде летаат птиците на надежта.
Извори од каде поекуваат опојни мисли,мисли кој милуваат ,сакаат,сонуваат и ја гледаат вистинската љубов.Надлетуваат и слетуваат над изворите на македонските води,пијат,од светлината и љубовта македонска. Љубовта на зборот е мајчината душа, копнеш на желба, поезија или проза,расказ или песна се мини на мостот кој се нарекува љубов.Мајчиниот јазик на кој пишувам,распослан е низ светот,светот е мал,зборот е голем кој кажува многу од минатото од вчера а го кити новиот ден со китките на љубовта кои минат на мостот наречен љубов........

Соња Таировска Ѓурчак
28. 11. 2016 Улм

nedjelja, 27. studenoga 2016.

ЗНАМ

ЗНАМ

Знам,
дека живот за животот постои.
Знам,
дека радост за радоста постои.
Знам,
дека љубов за љубовта постои.
Знам,
дека среќа за среќата постои.
Знам,
дека желба за желбата постои.
Знам,
дека вистина за вистината постои.
Знам,
дека добро за доброто постои.
Знам,
дека и во животот има одговорнос.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 11. 2016 Улм

petak, 25. studenoga 2016.

ДОМОТ НА МОЈАТ ДУША

ДОМОТ НА МОЈАТА ДУША

Свеќа која трепка,
а ветрот чиниш дека ја гали.
Светлината, трепери пред темнината,
посига во сеќавањата на аголот,
во другата страна на мојата душа.
Домот на мојата душа е просторот,
се раздиплува во печалбарскиот
свет,собираќи го семето од
златниците,а среброто поцрна.
Студот ги собира паежинити
од просторот на минатото,
во домот на цветната душа.
Времето е долго,во простоерот на небото
а светот е мал,снегулките се топат
во домот на мојата душа.
Домот на мојата душа, живее и
има многу место,зборот е песна
секој патник понесува збор,
порака топлина,радост
од домот на просторот кој зборува и пее.
Свеќата која трепка вечно свети
во домот на мојата душа.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 11. 2016 Улм

četvrtak, 24. studenoga 2016.

ТИШИНАТА НА ДЕНОТ


ТИШИНАТА НА ДЕНОТ

Ја отвора вратата,
го раскрили прозорецот,
а покровот на куката остана
како прва љубов.
Се гради, мостот на денот
ја поврзува пораката во кочијата на гласот,
низ тишината се моли молитвата
која се шири како магла пред денот.
Часовникот како да застана,
пред една точка,
слушајќи ја приказната од
тишината на денот.
Каменот прзбори,
кој долго лежеше на прагод пред мостот.
Раскрсницата ги склопи дланките
пред звездите кои заминаа.

Соња Таировска Ѓурчак
24. 11. 2016 Улм

utorak, 22. studenoga 2016.

АФОРИЗМИ ХХХХ


*****

Убавината на денот е убавата мисла.

*****

Добрите дела, се украс на добрата душа.

*****

Среќата е толку голема,
колку помагаме да бидат другите среќни.

*****

Среќната душа,
ја прават среќна само добрите дела.

*****

Секоја намерна грешка,е како олово тешка

*****

Сите овци не пијат вода од ист извор.

*****

 Имајте убава вечер,
сите убави мисли нека бидат ваши  најдобри другари и,
сте убавини да бидат во вашите очи,
сите убави сонови да ја будат во зори, душата ваша во радос.


Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2016 Улм

ДЕНОТ ПЛОВИ


ДЕНОТ ПЛОВИ

Денот плови во мирмните води,
денот плови и во убавини оди.
Денот е убав и зората ја раѓа
се шо не е убаво нека тони и паѓа.
И птиците пеат во гората и,
ја будат зората.
И оваа песна плови во денот,
водите се бистри,
и пораки праќаат мисли чисти.
Нека биди мир во светот,
среќа и радост во секоја душа младост.
Денот плови, по страници нови,
книга пишува и чита,
мисла убава чиста ита.
Денот плови само со една торба
а во неа и оваа творба.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2016 Улм

subota, 19. studenoga 2016.

ГРАДИНАТА НА ДЕНОТ


ГРАДИНАТА НА ДЕНОТ

Пролет е,
врни,
а денот
градина сее.
Градината на денот
нов живот дава,
секое семе
во земја го става
и, живот му дава.
Градината на денот
семе сее,
за мир и љубов,
за мир и добрина,
за мир и напредок
во светот!
Градината на денот
род ќе роди,
и жетва ќе се стори,
богата!
Градината на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 11. 2016 Улм


petak, 18. studenoga 2016.

ЖИВОТОТ ГЛЕДА


ИЗГРЕВ НА УТРОТО

ИЗГРЕВ НА УТРОТО

Законот на животот е верата ,
која се раѓа во човечкиот ум,
живее во духот и во средината на животот.

*****

Вистината е изгрев на утрото и верувањето.

*****

Убавиот збор е патот на вистината,.....

*****

Соња Таировска Ѓурчак
17. 11. 2016 улм

МАЈКА НА СЕКОЈА ДУША

МАЈКА НА СЕКОЈА ДУША 
Со природта да си едно,е многу вредно но не е се едно,да ја слушаш тишината,да зборуваш со вистината тоа е дар.
Кружат птиците во просторот измеѓу небото и земјата ја најавуваат пролета,новото раѓање на природата која ја носи радоста,ја подарува убавината ја исполнува душата со љубовта од цветните бои разлеани низ топлината на земјата. Чуствувајте ја пролета и нејзиното ново раѓање таа е вечна,благородна,несебична полна љубов.Мајка на секоја душа. 
Соња Таировска Ѓурчак 
21. 3. 2016 Улм

utorak, 15. studenoga 2016.

ВО ПЕСНАТА ЈА ВРЗАВ ТАГАТА


ВО ПЕСНАТА ЈА ВРЗАВ ТАГАТА

Пак тага се буди а сонот застана,
ангели пеат,а срце плачи.
Ангел, душа, со песна милува,
песна со мирис на мајска пролет.
Лицето на светот се смени
остана само шепот,
во очите на светот.
Песната во тишината ја праќам
песната со болка ја плаќам.
Песната, остана бесмртна,
во градаи срце чука, а ноќта е будна.
Сонот застана,денот пее и плачи
по една звезда која згасна,
а светлина остави јасна.
Бесмртна е душата твоја,
да незнаае никој,
во песна ја врзав тагата моја.


Соња Таировска Ѓурчак
15. 11. 2016 Улм

nedjelja, 13. studenoga 2016.

ЖИВОТОТ ГЛЕДА


ЖИВОТОТ ГЛЕДА

Се спушти завесата
пред замаглениот прозор,
каде птиците прелетуваат,
а сенката паѓа на лицето по улица.
Животот гледа,а чиниш да ти бега,
каде и да бега, во очи те гледа.
Гатачката во срмена носија
живот сереќа ти виде,
пет банки во рака стега ,
и животот твој го гледа.
Животот гледа, и птицата
која во небото лета ја препознава.

Соња Таировска Ѓурчак
13. 11. 2016 Улм

subota, 12. studenoga 2016.

ХХХХХ 11. 11. 2016

*****
Секое дрво го китат мудрите лисја,
секоја уста убавите зборови.

*****
Од секој рудник се копа мудрост.

*****
Изворот на среќата е во секоја среќна душа.

*****
Времето е најголемото богаство.

*****
Од секој извор извира мудрост....

*****
Финанциски исткаено пријателство нема долг век.

*****
Од земјата никнува и семето на мудроста.

*****

Соња Таировска Ѓурчак
11. 11. 2016 Улм

utorak, 8. studenoga 2016.

ЖИВОТОТ НЕКАДЕ БРЗА

ЖИВОТОТ НЕКАДЕ БРЗА
Часовникот пак се промени,
на крај на селото, стара напуштена куќа
а кучињата лаат.
Се плашат од времрето,
но сепак разиграни со децки играчки.
Плевната полна со мирис на сено
под мирисот, се крие стравот од денес.
Се буди утрото,во плач на есенска роса,
топлината на денот го понесе сонот,
од напуштениот дом,
каде поново се раѓаат спопмени
сега во туѓи прегратки.
По земјата растурени есенски лисја
молчат,пред животот некаде што брза.
Соња Таировска Ѓурчак
08. 11. 2016 Улм

nedjelja, 6. studenoga 2016.

WENDEN

WENDEN
In deine leben
nicht müde werden,
neu zielen iberlegen
an denen,
mit beiden Händen greifen
in Gedanken nenen
an die neu leben wenden.
In deine leben
nicht müde werden.

Sonja Tairovska Durcak
2. 3. 2015 Ulm

petak, 4. studenoga 2016.

ХХХХ MK--- DE



 *****

Денот нека биди радос,годината среќа,животот љубов.

*****

Der Tag ist freude,die Jarhe Glück,das Leben Liebe.

*****

Некаде во светот има училиште,каде се учи вистината.
Каде е тоа???

*****

 Irgendwo in der Welt ist eine Schule,wo lernen wir iber die Wacheit
Wo ist das???

*****

Јас го живеам животот,што е среќа,не поставувам прашањ.

*****

Ich lebe das Leben,was ist Glück,stele ich keine frage.

*****

 Височината на животот е како една планина.

*****

Das Leben ist  größ wei eine Berg.

*****

Скромниот живот не бара многу.

*****

Zufridene Leben braucht nicht viel.

*****
Соња Таировска Ѓурчак
Sonja Tairovska Durcak
06. 11. 2016 Улм Ulm.


ДЕНОТ СЕ БУДИ


ДЕНОТ СЕ БУДИ
Таму,
каде зората денот го буди,
таму,
каде и цвеќето
со зората се буди
и мирис топлина нуди.
Сега, милува зората  и,
се, се буди.
Денот се буди,
и темјан мирис нуди
на секој подава  рака,
за секој отвора врата.
Загрниго денот,
со убаво и арно,
живеј го денот стварно.
Соња Таировска Ѓурчак
03.11.2016 Улм

ponedjeljak, 31. listopada 2016.

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА
Времето е радост,а радоста ја делиме со книгата
„ВЕЛЕШКИ ПОЕТСКИ ПУЛСИРАЊА 2016“.
Времето е дар,дар подарен од времето господово,
стебло со длабоки корења од поезија, филозовија и раскази од денес,закитени се гранките од стеблото со песнте наши.
Времето е простор во кој живееме денес и времто зборува сега.
Зборува Зборникот и ја отвора вратата на љубовта .
Да се разбери времето треба да се види и вистината.
А времето, носи слобода,секој творец појет уметник е слободен,слободата е време кое носи нешто ново.
Слободата е и одговорност.
Да се има одговорност треаба да се верува и почитува.
Времето е животот кој се множи и деле со љубовта а решението е секогаш исто со истиот резултат на вечната љубов.
Многу сум среќна горда и благодарна на нашите родители кој почиваат во вечната љубов АМИН. Кои ни оставија богаство,не васпитаја со богочовечката љубов.
Богаството не е сопсвенијот дом,украсен со светилки низ дворот или убавата лимузина на улица ,богатиот бого човек има малку а дава многу,има голема душа.
Во Зборникот,низ страниците се распослаа песните од творците кој подарија во овој Зборник љубов. Зборникот останува запишан под името на нашиот Велешки голем творец КОСТА СОЛЕВ РАЦИН.Занего зборува времети и денес,занас ќе зборува можеби утре,или во некое друго време богато со богочовечка љубов.
А во мудроста е скриен клучот кој ја отклучува вратата на верата и стрпливоста. Многу добрини се забораваат,а времето пишува и памти.И ова творештво останува запишано во времето и радоста.
Ви благодарам на сите присутни кој ја поделивте оваа радост со времето које живее денес,благодарнос до членовите на клубот КОСТА СОЛЕВ РАЦИН.Благодарност кон организаторите на оваа убав и богата промоција, Благодарност кон Госпот кој ми го отвори патот и просторот да бидам овде да ја делам оваа радост со вас сите,далечината денес постана блиску.Понесите радост, понесите среќа,а зборувајте секогаш со времето и љубовта. Со почит и љубов *

Sonja.durcak@gmail.com

utorak, 11. listopada 2016.

ДЕНОТ Е УБАВ

ДЕНОТ Е УБАВ

Денот е убав,пазарот е шарен,
велат многу е скап
граф,пипер кромид сака секој џабе да јаде,
произведителот без пари да продава,
велат можи  само да дели.
На зелен пазар се продава мудрот или памет ,
кошта само 150.00до 300.00 денари
бил многу ефтин и не се плаќа данок.
Денот е убав на кој пазар да се оди.???

Соња Таировска Ѓурчак
11. 10. 2016 Улм

petak, 7. listopada 2016.

КОЈ ГО БУДИ ДЕНОТ

КОЈ ГО БУДИ ДЕНОТ


Да сум дете, ќе го вртам светот
во душата децка.
Радост ќе протурам во денот,
а среќните моменти ќе ги туткам
во децките дланки.
Блажено оди патот,
а некој го мами гласот.
Потомци со голем род
патуваат во чуден брод.
Пловат очите на денот,
по морето на југот.
Душата на земјата моја
полна е љубов!
Маѓепсан е светот со
чудото на часовникот,
кој талка по времето и
верува за подобро утре.
Свеста се одалечува од разумот
прескокнуваќи ги стрелките
од часовникот кој го буди денот.

Соња Таировска Ѓурчак
07. 10. 2016 Улм

srijeda, 5. listopada 2016.

ЧЕКАМ

ЧЕКАМ

Стојам и чекам,
да помини денот
тука и некаде таму
во секојдневието,
таласите на денот брануваат
по ширината и тишината на денот.
Чекам,
и не заборавам
дека е овде само една
станица од животот.
Чекам,
а се разминувам со векот
времето нема ни еден збор
да го пополни денот.
Чекам,
а ги гледам боите
кој останаа исти.
Чекам,
а времрето се спојува
и зборува на различни јазици.
Чекам,
а еден глас замина далеку.....

Соња Таировска Ѓурчак
05. 10. 2016 Улм

utorak, 4. listopada 2016.

ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ДЕНОТ

ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ДЕНОТ

Песната на денот е како сончев здрак
од секое стебло и убав плод,
закитени гранки со лисја жолти
и со насмевка роса род.
Од птици преселници
гнезда празни,и сите ладни.
Песнава, сака да рашири крила
да ги покрие сите гранки и,
гнезда ладни.
И пролет пак ќе стигни
есенски и зимски сон ќе дигни.
Светлината ќе прогледа
насмевката ќе се огледа
во огледалото на новиот денот.

Соња Таировска Ѓурчак
04. 10. 2016 Улм

subota, 1. listopada 2016.

АФОРИЗМИ


*****

 Вистината е капитал на животот

 *****

 Секоја желба е одговор на љубовта

 *****

Животот има чест и слава
секоја посебна лага, носи голема тага

*****

Благородноста е најголемата ризница
и раѓа плод од сопственото стеблото.

*****

Искрајноста лежи длабоко во душата

***** 

 Утрото го буди денот во радост,
срцето во младос,
животот исполнет во среќа 
а секој нов корак во УСПЕХ .

*****

Соња Таировска Ѓурчак
01.10. 2016 Улм
 
 

ponedjeljak, 26. rujna 2016.

СЕГА СУМ ДОМА

СЕГА СУМ ДОМА

Светот е убав,светот е многу убав,мојата родина, мојата Татковина најубава од цел свет.Сега,да се биди тука,да се осети топлината да се види светлинатса да се допр вистината ,понос и гордост е од љубовта.
Сега сум дома !
Да се пишува да се твори и род да се стори,значи да се сака,да се сака треба да се моли молитвата е светлината на љубовта.
Преку љубовта се искажува желбата желбата на животот.
И во туѓината се сака Татковината.
Туѓинец сум во туѓа земја! А ги следам изворите на рајот од мојата Татковина.
Скитник, странец со полна надеж, за  мојата земја.
Не, несеплашам од далечината
Некој,некој  ми ја кради вистината.
Се плашам од темнимнината на времето.
А јас сум уште странец.
Сега сум дома.
И сега во овој час, ги изговара зборовите мојата душа,ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО,ТИ БЛАГОДАРАМ ТАТКОВИНО.
На оваа прекрасна манифестација го слушам внатрешното шепотење и жуборот на моето срце,го следам изворот на љубовта од мојата родина.Во туѓина молам и   постам, долгиот пост ја преставува мојата далечина.Далеку е мојата Татковина .А сепак многу блиску,толку блиску се раѓа со  зората,а утрото ја носи пак љубовта која ме милува и гали а тоа е мојата родина мојата МАКЕДОНИЈА. Ви благодарам на сите присутни,што и дадовте богаство на оваа преубава промоција на овие творештва кој оставаат белег во литературата во културата,остаават толина запис во корените на Македонската почва.Каде да бидиш,со кого да бидиш само прав човек биди ,биди пратеник Македонски  чувааја и сајака утробата МАКЕДОНСКА,понесете радост понесете љубов,секаде во светот од Македонија.ВИ БЛАГОДАРАМ.
Од промоцијата во Скопје на 22.07. 2016  

Соња Таировска Ѓурчак 
22. 07. 2016 Скопје Улм 

nedjelja, 25. rujna 2016.

ДЕНОТ ОСТАНА ЗАПИС

ДЕНОТ ОСТАНА ЗАПИС

Денот, го сретна немирот во светот,
а сонцето згасна во жалост на разумот.
Остана запис под шамијата
на една сатица која го осветлува
патот со фенерот на вечноста.
Ги крие солзите,од два извора
по песокот ги остава записите
кој ветерот ги бриши...
а љубовта ја понесува во градите
на својата тло.
Разлистуваат стеблата,под корењата
пишуваат, раскажуваат за времето денес.
Границите ги собраа
во една пластична вреќичка
кој се плаќа и останува
хуманост за немирот во светот.
А,денот остана запис......

Соња Таировска Ѓурчак
25. 09. 2016 Улм

subota, 24. rujna 2016.

ЖИВОТОТ Е СВЕТЛИНА


Животот е светлина,
која бранува по морето на душата,
со очите на радоста ја гледа,
вистината на вечната љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
24. 09. 2016 Улм 

ICH BIN GLÜCKLICH

*** 1


Oefne die Tiere weit und breit in deine leben.


***2

Reise mit deine Glück durch die leben.


***3

Glückliche leben schreiben wir im unsere herzen.


***4

Mach lange Schritte in deine leben.


***5

Ins leben richtig gehen nicht stehn.


***6

Kuck raus aus de fenschter deine Hehrz


***7

Das leben hat zwei seite,....


***8

Fühle wie Glücklich bis jezt in augen blick …..


***9

Puste wie Seifenblasen deine sorgen...


***10

Jeder kann im seine leben kreativ sein ….


***11

Begegne dir mit Wirklichkeit deines leben


***12

Glück und leben sind untrennbar verbunden


***13

Das Glück ist Begleiter auf jeder Weg


***14

Ab heute erkennen deine Glück und anzunehmen


***15

Nachdenken ist die erste richtige Richtung ins leben


***16

Gute Erfahrung ist die beste Uni.


***17

Leben Schritte sind mitzudenken und mitzugehen


***18


Ehrlichkeit ist licht deine leben

***19

Deine versprechen ist die Spigel in deine leben.


***20


Halte die fest an deine Glück wie kleine Kind an Mama.


***21

Atme frei Luft in denen leben


***22


Einsamkeit ist untericht von die leben


***23


Das leben ist genus deine Glück


***24


Auch Einsamkeit bringt neu Erfahrung


***25


In stillen leben steckt die kraft


***26


Zu hause in deine Herzt ist deine Leben


***27

Später Glücklich zu sein ist falsch jehzt ist wichtig Glücklich zu sein


***28

Segne deine leben mit deine Glück


***29

Erfolg in leben ist gesunde denken

AAAAAA***30

Ofne deine Herz und sag zu deinem leben ICH BIN GLÜCKLICHE

Sonja Tairovska Durcak 24. 09 2016 Ulm



petak, 23. rujna 2016.

Афоризми

Денес денот блиста
во сјај и радост,
ваков ден нека нема крај.

 *****

И денес денот блиста а,
животот нови страници листа.

*****

Здраци сончеви денот го будат,
со насмевка на лице почнува да блиста
и радост песна пеат иста.

*****

Соња Таировска Ѓурчак
23. 09. 2016 Улм

četvrtak, 22. rujna 2016.

ПОСАДИ РАЗУМ

******

Со насмевка стигна денот,
ја отвори портата на радоста
ги пушти сите птици да полетаат
во просторот на вистината
а во градината посади разум ......

*****

Соња Таировска Ѓурчак
22. 09. 2016 Улм

srijeda, 21. rujna 2016.

УСПЕХ

Секоја мисла во животот е закон на верата,
која се раѓа  и расти во човековата градина.
Убавата  мисла во животот е сразмерена
само со убавата мисла на верата,
и носи успех.....





Животот не го прави поубав и
не се состои од убавата лимузина или јахта
убавата мисла е сврзана со богаството на природата
кое е исто за секој и нема цена на вистината,
и носи успех.





Во вистината на верата нема судбина
ниту пак бара сответни скриени сокачиња или скалини
до посигање на успех,
таа е само светлина на убавата чиста мисла,
и носи успех.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 09. 2016 Улм

Вражи вир Јасеново



Овде како времето да застана,мирува а бранува во просторот на духовните бранови.Невидливата вистина се крие длабоко во пазувита на водата. Вистината која извира од подземните извори на чудотворието на природата,ја вдаблува браздата на поземните вистини бараќи да ја открие некој вистината под заспаните камења.Еден ден ќе биди светлина,ќе биди будење од заталканите времиња на вистината .......

Соња Таировска Ѓурчак
21. 09. 2016 Улм

nedjelja, 28. kolovoza 2016.

ГОЛЕМА СЛАВА

ГОЛЕМА СЛАВА

Со гитара стара
со молив,четка и боја,
животот го дели
а,во него во срце и душа
љубов песна се всели.
Со радост се ствара
кај него нема лага,
а дипломи добива
со голема,голема слава.



Соња Таировска Ѓурчак 
28. 08. 2016 улм  

petak, 19. kolovoza 2016.

СЕКОЕ ДЕТЕ



СЕКОЕ ДЕТЕ

Секое дете,сака чуда да прави,
играчките негови,
на прво место да ги стави.
Сонува и силно плачи,
во сонот со страв на звезди се качи.
Се радува на денот убав,
на облаци како волна бели
и по нив сака да скака,па им вели.
Да сте само малку блиску!
За мама и тато сака ручек да прави
со брашно и црвен пипер 
запршка да стави.
Со баба и дедо силна желба има
на пазар да оди,
и кочето Шарко да го води.
Секој ден нова желба се нижи,
секое дете на овој свет
нова приказна во дескиот свет книжи.
Сите вие сте наша најголема радост
Вие сите сте наша најголема младост.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 08. 2016 Улм

ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ



ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ

Се збогуваме со сенките
кој не изминуваат,
брзаќи кон разните
моштва на лагите,
покриваќи ги трагите.
Го преместуваме часовникот
кој веќе одамна застана,
на стрелките прку летото
ги закачуваме зимските капути.
Се збогуваме,
со огнената дланка на сонцето,
која е одамна изладена.
Се збогуваме и чекориме,
каде,каде заминуваме.
Заминуваме а ја оставаме сенката
да го чува прагот од реката,
која долго иза нас ќе протекува
во истиот правец.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 08. 2016 Улм

ЕДЕН МИГ



ЕДЕН МИГ

Камена плоча,
а животот застана тука,
зборот го понесе тишина бела.
Еден живот стана
како суво семе,
а замина со ветрот
кој ја метеше и последната сламка
во окосенната ливада.
Низ длабочината и далечината
на земјата се слуша глас
од анѓели кои пеат,
на повик за нов живот.
Се живее само еднаш,
а чиниш си милион години тука,
тоа е само еден миг.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 08. 2016 Улм