utorak, 4. listopada 2016.

ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ДЕНОТ

ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ДЕНОТ

Песната на денот е како сончев здрак
од секое стебло и убав плод,
закитени гранки со лисја жолти
и со насмевка роса род.
Од птици преселници
гнезда празни,и сите ладни.
Песнава, сака да рашири крила
да ги покрие сите гранки и,
гнезда ладни.
И пролет пак ќе стигни
есенски и зимски сон ќе дигни.
Светлината ќе прогледа
насмевката ќе се огледа
во огледалото на новиот денот.

Соња Таировска Ѓурчак
04. 10. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar