ВИСТИНАТА НА
СОНОТ
Погледот застана
таму,
каде душата
замина и
со сонот се бори.
Под урнатини,
камења тешки,
прегратки празни,
темнина и болка
остана
длабоко во
длабочините на
сопственоста
на душата,
во зборот празен.
Вените мои,
станаа улици
твои,
и времето пишува,
писма
праќа......разни.
Знам во овој
живот постои закон
во пазувата на
утробата
се крие мирисот
на животот,
кои е бесмртен.
Душата таласа,
по посевите на
полето,
цути сончогледот
и се врти
како разиграно
дете
со погледот кој
бега и ја бара
вистината на
сонот.
Соња Таировска
Ѓурчак
30.12. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar