srijeda, 5. listopada 2016.

ЧЕКАМ

ЧЕКАМ

Стојам и чекам,
да помини денот
тука и некаде таму
во секојдневието,
таласите на денот брануваат
по ширината и тишината на денот.
Чекам,
и не заборавам
дека е овде само една
станица од животот.
Чекам,
а се разминувам со векот
времето нема ни еден збор
да го пополни денот.
Чекам,
а ги гледам боите
кој останаа исти.
Чекам,
а времрето се спојува
и зборува на различни јазици.
Чекам,
а еден глас замина далеку.....

Соња Таировска Ѓурчак
05. 10. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar