utorak, 22. studenoga 2016.

ДЕНОТ ПЛОВИ


ДЕНОТ ПЛОВИ

Денот плови во мирмните води,
денот плови и во убавини оди.
Денот е убав и зората ја раѓа
се шо не е убаво нека тони и паѓа.
И птиците пеат во гората и,
ја будат зората.
И оваа песна плови во денот,
водите се бистри,
и пораки праќаат мисли чисти.
Нека биди мир во светот,
среќа и радост во секоја душа младост.
Денот плови, по страници нови,
книга пишува и чита,
мисла убава чиста ита.
Денот плови само со една торба
а во неа и оваа творба.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar