četvrtak, 24. studenoga 2016.

ТИШИНАТА НА ДЕНОТ


ТИШИНАТА НА ДЕНОТ

Ја отвора вратата,
го раскрили прозорецот,
а покровот на куката остана
како прва љубов.
Се гради, мостот на денот
ја поврзува пораката во кочијата на гласот,
низ тишината се моли молитвата
која се шири како магла пред денот.
Часовникот како да застана,
пред една точка,
слушајќи ја приказната од
тишината на денот.
Каменот прзбори,
кој долго лежеше на прагод пред мостот.
Раскрсницата ги склопи дланките
пред звездите кои заминаа.

Соња Таировска Ѓурчак
24. 11. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar