petak, 19. kolovoza 2016.

ЕДЕН МИГ



ЕДЕН МИГ

Камена плоча,
а животот застана тука,
зборот го понесе тишина бела.
Еден живот стана
како суво семе,
а замина со ветрот
кој ја метеше и последната сламка
во окосенната ливада.
Низ длабочината и далечината
на земјата се слуша глас
од анѓели кои пеат,
на повик за нов живот.
Се живее само еднаш,
а чиниш си милион години тука,
тоа е само еден миг.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 08. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar