petak, 25. studenoga 2016.

ДОМОТ НА МОЈАТ ДУША

ДОМОТ НА МОЈАТА ДУША

Свеќа која трепка,
а ветрот чиниш дека ја гали.
Светлината, трепери пред темнината,
посига во сеќавањата на аголот,
во другата страна на мојата душа.
Домот на мојата душа е просторот,
се раздиплува во печалбарскиот
свет,собираќи го семето од
златниците,а среброто поцрна.
Студот ги собира паежинити
од просторот на минатото,
во домот на цветната душа.
Времето е долго,во простоерот на небото
а светот е мал,снегулките се топат
во домот на мојата душа.
Домот на мојата душа, живее и
има многу место,зборот е песна
секој патник понесува збор,
порака топлина,радост
од домот на просторот кој зборува и пее.
Свеќата која трепка вечно свети
во домот на мојата душа.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 11. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar