nedjelja, 25. rujna 2016.

ДЕНОТ ОСТАНА ЗАПИС

ДЕНОТ ОСТАНА ЗАПИС

Денот, го сретна немирот во светот,
а сонцето згасна во жалост на разумот.
Остана запис под шамијата
на една сатица која го осветлува
патот со фенерот на вечноста.
Ги крие солзите,од два извора
по песокот ги остава записите
кој ветерот ги бриши...
а љубовта ја понесува во градите
на својата тло.
Разлистуваат стеблата,под корењата
пишуваат, раскажуваат за времето денес.
Границите ги собраа
во една пластична вреќичка
кој се плаќа и останува
хуманост за немирот во светот.
А,денот остана запис......

Соња Таировска Ѓурчак
25. 09. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar