КОЈ ГО БУДИ ДЕНОТ
Да сум дете, ќе
го вртам светот
во душата децка.
Радост ќе протурам
во денот,
а среќните
моменти ќе ги туткам
во децките
дланки.
Блажено оди
патот,
а некој го мами
гласот.
Потомци со голем
род
патуваат во
чуден брод.
Пловат очите на
денот,
по морето на
југот.
Душата на земјата
моја
полна е љубов!
Маѓепсан е светот
со
чудото на
часовникот,
кој талка по
времето и
верува за подобро
утре.
Свеста се
одалечува од разумот
прескокнуваќи
ги стрелките
од часовникот
кој го буди денот.
Соња Таировска
Ѓурчак
07. 10. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar