petak, 19. kolovoza 2016.

СЕКОЕ ДЕТЕ



СЕКОЕ ДЕТЕ

Секое дете,сака чуда да прави,
играчките негови,
на прво место да ги стави.
Сонува и силно плачи,
во сонот со страв на звезди се качи.
Се радува на денот убав,
на облаци како волна бели
и по нив сака да скака,па им вели.
Да сте само малку блиску!
За мама и тато сака ручек да прави
со брашно и црвен пипер 
запршка да стави.
Со баба и дедо силна желба има
на пазар да оди,
и кочето Шарко да го води.
Секој ден нова желба се нижи,
секое дете на овој свет
нова приказна во дескиот свет книжи.
Сите вие сте наша најголема радост
Вие сите сте наша најголема младост.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 08. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar