utorak, 8. studenoga 2016.

ЖИВОТОТ НЕКАДЕ БРЗА

ЖИВОТОТ НЕКАДЕ БРЗА
Часовникот пак се промени,
на крај на селото, стара напуштена куќа
а кучињата лаат.
Се плашат од времрето,
но сепак разиграни со децки играчки.
Плевната полна со мирис на сено
под мирисот, се крие стравот од денес.
Се буди утрото,во плач на есенска роса,
топлината на денот го понесе сонот,
од напуштениот дом,
каде поново се раѓаат спопмени
сега во туѓи прегратки.
По земјата растурени есенски лисја
молчат,пред животот некаде што брза.
Соња Таировска Ѓурчак
08. 11. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar