ponedjeljak, 31. listopada 2016.

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА
Времето е радост,а радоста ја делиме со книгата
„ВЕЛЕШКИ ПОЕТСКИ ПУЛСИРАЊА 2016“.
Времето е дар,дар подарен од времето господово,
стебло со длабоки корења од поезија, филозовија и раскази од денес,закитени се гранките од стеблото со песнте наши.
Времето е простор во кој живееме денес и времто зборува сега.
Зборува Зборникот и ја отвора вратата на љубовта .
Да се разбери времето треба да се види и вистината.
А времето, носи слобода,секој творец појет уметник е слободен,слободата е време кое носи нешто ново.
Слободата е и одговорност.
Да се има одговорност треаба да се верува и почитува.
Времето е животот кој се множи и деле со љубовта а решението е секогаш исто со истиот резултат на вечната љубов.
Многу сум среќна горда и благодарна на нашите родители кој почиваат во вечната љубов АМИН. Кои ни оставија богаство,не васпитаја со богочовечката љубов.
Богаството не е сопсвенијот дом,украсен со светилки низ дворот или убавата лимузина на улица ,богатиот бого човек има малку а дава многу,има голема душа.
Во Зборникот,низ страниците се распослаа песните од творците кој подарија во овој Зборник љубов. Зборникот останува запишан под името на нашиот Велешки голем творец КОСТА СОЛЕВ РАЦИН.Занего зборува времети и денес,занас ќе зборува можеби утре,или во некое друго време богато со богочовечка љубов.
А во мудроста е скриен клучот кој ја отклучува вратата на верата и стрпливоста. Многу добрини се забораваат,а времето пишува и памти.И ова творештво останува запишано во времето и радоста.
Ви благодарам на сите присутни кој ја поделивте оваа радост со времето које живее денес,благодарнос до членовите на клубот КОСТА СОЛЕВ РАЦИН.Благодарност кон организаторите на оваа убав и богата промоција, Благодарност кон Госпот кој ми го отвори патот и просторот да бидам овде да ја делам оваа радост со вас сите,далечината денес постана блиску.Понесите радост, понесите среќа,а зборувајте секогаш со времето и љубовта. Со почит и љубов *

Sonja.durcak@gmail.com

Nema komentara:

Objavi komentar